Верзијата на Камила: „Дајана беше параноична и хистерична“ - Канал 5

Верзијата на Камила: „Дајана беше параноична и хистерична“

Британските медиуми овие денови пренесуваат делови од биографијата на војвотката од Кромвел, Камила, а тоа што го пишува во неа дефинитивно дава ново светло на животот во палатата и бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана.

Верзијата на Камила: „Дајана беше параноична и хистерична“
Според наводите на Пени Џуниор која ја пишувала биографијата, паранојата на Дајана и нападите на бес го окончале нејзиниот брак со Чарлс. И пред венчањето заедничките пријатели биле загрижени дека Дајана и Чарлс не се добар пар бидејќи немаат многу заеднички работи и верувале дека неа и се допаѓа само идејата да се венча за него. Додавата и дека се фолирала само за да биде она што Чарлс сакал да биде.

Нејзиниот темперамент не им бил непознат и на нејзините роднини кои поради статусот кој ja донел венчавката на Дајана за принцот молчеле за тоа. Дaјана и се допаднала на кралицата Елизабета, бидејќи била внука на нејзината стара пријателка лејди Рут Фермој. Подоцна во 1993 година, Руд наводно и се извинила на кралицата и Чарлс што не ги предупредила бидејќи наводно знаела дека Дајана е “нечесна девојка“. Од друга страна, Чарлс верувал дека од пријателството може да се развие љубов, но бил во заблуда и дури подоцна открил дека таа било наивна, лошо образувана и незрела.

Од оној момент кога се свршиле нивната врска била готова, а Дајана до тогаш со Камила имала добар однос. Се се променило во месеците пред свадбата. Хистерични напади, плачење, нерасположението станале секојдневие. Станала љубоморна, опседната со Камила, а дури почнала и да ги врти луѓето против неа. Наводно била љубоморна и на самата кралица, но Чарлс верувал дека тоа е вообичаена нервоза пред свадбата и дека ќе помине. За жал, никој не сфатил дека тоа се симптоми на булимија, тајната болест која ќе ја обземе.

Тогаш Камила се одлучила да се држи настрана, а Дајана се плашела дека Чарлс никогаш нема да ја сака како Камила што предизвикало голема љубомора, а се станало полошо кога ни самиот Чарлс не знаел да даде јасен одговор на прашањето дали и понатаму ја сака Камила.

Ни медениот месец не бил ништо подобар – Чарлс деновите ги поминувал читајќи книги, а Дајана мрзела да чита. Сакал да слика, а во една прилика Дајана ги уништила неговите слики додека бил на тераса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични сцени во Италија: Тоскана под вода, возачи заробени во возила, отсечени села (ВИДЕО)

Силна бура ја погоди Тоскана, Италија, каде што обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето и сериозни проблеми во неколку општини. 

Апокалиптични сцени во Италија: Тоскана под вода, возачи заробени во возила, отсечени села (ВИДЕО)

Во областа Маса Карара, пожарникарите мораа да извршат спасувачка операција за да го извлечат возачот чиј автомобил беше заробен во поплавен подвозник, додека селата Касет и Форно беа целосно отсечени.

Штетата предизвикана од бурата сè уште се проценува, а италијанската Служба за цивилна заштита издаде предупредувања за вкупно девет региони. Црвено предупредување е издадено за Тоскана, додека портокалово временско предупредување е на сила во Емилија-Ромања и Лигурија.

Драмата се одвиваше во среда, 11 ноември, кратко по 19 часот, кога пожарникарите интервенираа на Виа Лонгобарда во областа Маса Карара. Возач беше заробен во својот автомобил во поплавен подвозник, а спасувачките екипи успеаја да го извлечат. Потоа човекот беше однесен во болница.

Поради ризикот од ново поплавување на реката Фригидо, дополнителна бариера беше поставена во Маса преку ноќ за да се зајакнат нејзините брегови и да се спречат понатамошни поплави.

Ситуацијата е особено тешка во населбите Касете и Форно, кои беа отсечени по лизгањето на земјиштето. Жителите разменуваат информации меѓусебно на социјалните мрежи, при што некои предупредуваат за зголемувањето на нивото на водата на реката Фригидо и ризикот од нови поплави.

„Нивото на реката е застрашувачко и продолжува да расте. Следните неколку часа не се добри. Се надеваме на најдоброто за луѓето и нивните домови“, напиша еден од локалните жители.

Околу 100 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради вонредната состојба.

Од синоќа, пожарникарите интервенираа во дури 24 одделни случаи поради поплавени подрачја, паѓање дрвја врз автомобили и бројни лизгања на земјиштето.

Обилните дождови особено ја погодија областа Лунџиана. Во градот Тресана помеѓу четири и осум часот наутро, наврнаа 76 милиметри дожд. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека земјата веќе беше натопена од врнежите од дожд од претходниот ден.

Во Кардосо, во областа Алта Версилија, врнеше континуирано повеќе од 24 часа, при што во текот на ноќта беа регистрирани 82 милиметри врнежи. Нешто помалку дожд наврна во градовите Форновалоско, Стачием и Барга.

За разлика од најпогодените подрачја, ситуацијата е поповолна по должината на реката Серхио, во градовите Борго, Моцано, Лука, Сан Џулијано Терме и Вецано. Поплавниот бран помина околу 6 часот наутро, додека засега нема поголеми проблеми по должината на реката Арно.

Сепак, дополнителни врнежи од дожд се очекуваат во наредните часови во северозападна Тоскана.

Во Сан Џулијано Терме, куќите лоцирани во поплавната рамнина на реката Серхио беа евакуирани рано наутро. Активиран беше и општинскиот оперативен центар, што е стандардна постапка во областите за кои се прогласени црвени и портокалови предупредувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова афера во ФИФА: Во игра се милијарди долари, домашна помошничка и врските со Трамп

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под истрага на Службата за внатрешни приходи на САД (IRS) поради сомнение дека нелегално вработил домаќинка во неговата вила во Мајами, платена од фудбалската организација. 

Нова афера во ФИФА: Во игра се милијарди долари, домашна помошничка и врските со Трамп

Според британските медиуми, Инфантино наводно користел врски во администрацијата на Доналд Трамп за да ја обезбеди својата работна дозвола пред Светското првенство во 2026 година.

Доколку обвинувањата се покажат како точни, ФИФА би можела да го изгуби својот привилегиран статус како непрофитна организација во САД и да плати неколку милијарди долари даноци.

Што се случува?

Инфантино престојувал во вилата во Мајами од јуни 2025 до 2026 година пред турнирот што се одржува во Соединетите Американски Држави. Се сомнева дека тој вработил триесетгодишна асистентка која била на платниот список на ФИФА за лични потреби во тој дом.

Се вели дека таа добивала плата од светската фудбалска организација, но работела исклучиво во домот на Инфантино за него и неговата партнерка, Лина. Портпаролот на ФИФА ги негираше обвинувањата. „Прашањата за личниот и приватниот живот на претседателот на ФИФА се негова приватна работа. Сепак, за да се избегне каква било двосмисленост, трошоците за домашниот персонал ги сноси лично претседателот на ФИФА“, рече тој.

Сепак, британскиот „Телеграф“ се повикува на интерно писмо од јануари 2026 година и наведува дека подружницата „Фифа (Америкас) Инк.“ ѝ исплатила на асистентката целосна плата од 1 август 2024 година до 31 октомври 2025 година. Овој договорен однос сега ќе биде детално истражен од американските даночни власти.

Поврзаност со администрацијата на Трамп

Асистентката, државјанка на Никарагва, пристигнала во САД со работна дозвола како дел од програмата за бегалци, но ѝ се заканувала со депортација откако администрацијата на Трамп ги заостри правилата за имиграција во 2025 година.

Според англиските медиуми, Инфантино продолжил да ја вработува во вилата речиси една година без регулиран статус. Во исто време, тој барал начини да стигне до кругот на Трамп преку соработници за да ѝ ги обезбеди потребните документи.

Карлос Кордеиро, десна рака на Инфантино во САД и член на работната група за Светското првенство во 2026 година, наводно бил задолжен за директен контакт со администрацијата. По неговата интервенција, никарагванската жена добила дозвола за легална работа во јануари 2026 година.

Можни финансиски последици

Тужбата против Инфантино ја поднесе Абед Ајуб, адвокат специјализиран за имиграциско право. Ајуб предупредува дека докажувањето на вината може да ја чини ФИФА нејзиниот статус на непрофитна организација во САД.

Губењето на овој привилегиран статус би имало сериозни финансиски последици. Наместо целосно ослободување од данок, ФИФА би морала да плати 21 процент корпоративен данок во САД за приближно 15 милијарди долари што се очекуваат од Светското првенство.

Таквиот финансиски удар значително би ги намалил средствата доделени на 211-те национални асоцијации членки на ФИФА. Исто така, се поставува прашањето дали скандалот ќе го загрози реизборот на Инфантино на претседателските избори во март 2027 година, на кои тој се сметаше за фаворит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен хеликоптер во Турција- нема информации за жртви

Воен хеликоптер С-70 се урна и се запали во турскиот град Малатја, објавија локалните медиуми.

Се урна воен хеликоптер во Турција- нема информации за жртви

Според Ројтерс, откако се слушнал силен тресок во близина на контејнерската населба Саманкој, воениот хеликоптер се урнал и се запалил.

На местото на настанот во источна Турција пристигнале пожарникари, медицински служби и екипи за пребарување и спасување, додека полицијата презела безбедносни мерки во поширокото подрачје.

Сè уште нема прецизни информации за бројот на лица во воениот хеликоптер, ниту за нивната здравствена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер