Верувања и обичаи поврзани со парите: На сосед не му се позајмува сол, а платата треба да преноќи - Канал 5

Верувања и обичаи поврзани со парите: На сосед не му се позајмува сол, а платата треба да преноќи

Како во куќата секогаш да имате пари?

Верувања и обичаи поврзани со парите: На сосед не му се позајмува сол, а платата треба да преноќи
Начинот на кој се однесувате кон парите, па дури и положбата на метлата во куќата, велат нашите стари, може да влијаат на финансиската ситуација во домот.
Платата треба да преноќи -За парите кои сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе ја добиете платата немојте да трошите ниту денар. Целата сума, според верувањето, треба да преноќи во вашиот дом.
Кога ќе позајмувате пари и барате покачување -Покачувањето треба да го барате во среда за време на денот. Не позајмувајте пари на пријателите и познаниците во вторник. Како што се верува, наутро треба да давате и земате заем, затоа што било какви операции со пари кои ги извршувате навечер водат во пропаст. Обидете се никогаш да не барате заем, а често давајте пари на оние кои од вас бараат бидејќи така ќе ги програмирате да ви се вратат на друг начин.
Куќни правила за полн буџет -Пари нема да има ако ги чистите трошките со рака. На соседите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом. Џебовите од облеката која виси во орманот наполнете ги со метални и книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или испаднати копчиња. За во куќата да има пари, метлата треба да ја поставите со дршката надолу.
Направете триаголник од 10 денари - Во најмалата преграда од паричникот чувајте банкнота од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да постои и среќна монета – први заработени пари или добиени од добар човек. Таа монета не треба да ја трошите – таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите може да се налутат и да не доаѓаат до вашите раце. Никогаш не го чувајте паричникот празен, во него нека има барем по некој денар. Сите пари мора со главната страна да бидат свртени кон газдата. Во куќата или станот година дена треба да чувате крупна банкнота, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.
Не крадете туѓа среќа - Добиените пари на коцка, нечесно заработени, најдени или искинати, не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во вашиот паричник. Поделете ги со сиромашните или брзо потрошете ги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер