ФормулаВерстапен со најбрзо време на првиот тренинг во СузукаАктуелниот светски шампион, Макс Верстапен беше најбрз на првиот слободен тренинг во Јапонија.Пилотот на Ред Бул Рејсинг го забележа најдобриот круг за 1:30.056 мин. Втор и трет во сесијата завршија Серхио Перез исто така со Ред Бул и Карлос Саинц со Ферари. Расел и Хамилтон (Мерцедес) завршија четврти и петти во сесијата, а шестото место остана за Леклер (Ферари). Во топ 10 влегоа и Алонсо, Пјастри, Цунода и Норис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието го донесе Законот за судска службаСобранието го донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028.Со донесувањето на Законот се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт. Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија вработени во судската власт со сопствен законски режим. Се воспоставува нов и пофункционален систем на класификација на работните места, преку дополнување на категориите, нивоата и звањата на судските службеници согласно реалните потреби на судовите. Со ова се надминуваат долгогодишните практични проблеми поврзани со несоодветната класификација на работните места преземена од системот на административни службеници. Истовремено, се воспоставува нов систем на вработување и унапредување, специјално прилагоден на судската служба. Наместо примена на решенија преземени од општиот систем на административни службеници, се воведува посебна постапка која вклучува административна селекција, испит и интервју, со што се обезбедува избор на најквалитетни и најстручни кадри за потребите на судовите. Со новото законско решение значително се зајакнува и институционалната независност на судската власт. Судскиот буџетски совет добива централна улога во кадровското планирање преку изготвување единствен годишен план за вработување, кој ќе се доставува до Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација за увид и известување, без потреба од претходна согласност. Со тоа се намалува зависноста од извршната власт и се зацврстува кадровската автономија на судството. Законот воведува и нов систем на плати, со кој зголемувањата предвидени со колективните договори стануваат составен дел од основната плата, обезбедувајќи стабилен, предвидлив и правичен систем на вреднување на трудот на судските службеници. Истовремено, прецизно се уредува статусот на судската полиција, чии припадници добиваат бенифициран работен стаж, како и статусот на останатите категории вработени во судовите, со јасно дефинирани права, обврски и одговорности. Посебно се унапредува и институцијата судски администратор. За првпат се воспоставува вистински кариерен систем кој овозможува напредување на искусни и стручни судски службеници до оваа функција, врз основа на јасно утврдени критериуми. Воедно, судскиот администратор станува дел од системот на дисциплинска одговорност, со што дополнително се зајакнуваат интегритетот, отчетноста и професионалноста во судската служба. Со донесувањето на Законот за судска служба се реализира уште една значајна обврска од Реформската агенда и се прави крупен чекор кон изградба на независно, професионално и ефикасно правосудство. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ - последната битка за фотелји и личен интересЗНАМ повеќе не постои како здружение. Преостанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание.Ова е логичен крај на проектот што Христијан Мицкоски лично го создаде, финансираше и го користеше како политички сателит. Кога веќе не му е потребен, се однесува кон нив како газда кон непотребни слуги - ги фрла. ЗНАМ влезе во Владата со големи зборови за „програма и принципи“. Кои принципи? Кои принципи ги имаат Минчев и Димитриевски? Принципот на издавање на сопствената партија за пари и фотелја? Принципот на разбивање на гласовите на СДСМ на последните избори, со цена која беше платена со место во Владата? Принципот на продавање на гласачите кои им веруваа? Тие го направија токму тоа. Прво ја предадоа својата партија, потоа своите гласачи. Сега, кога веќе не му се потребни на Мицкоски, се борат за последните остатоци од она што им беше ветено. Ова е класичен пример на политичка корупција и морален банкрот. Луѓе кои влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја. Народот треба да знае: Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари. ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски. Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај. Во тек е војна на кланови. Максо и Минчев се борат за остатоците од едно здружение кое никогаш не постоеше како вистинска политичка сила, туку само како инструмент во рацете на Мицкоски. Ова е сликата на организираната криминална група која ја нарекуваат Влада. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, се сомничи дека подметнал пожар на нива, следува пријаваНа 25.06.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook