Верстапен со катастрофален настап во Австралија, му се расипа моторот - Канал 5

Верстапен со катастрофален настап во Австралија, му се расипа моторот

Актуелниот светски шампион и шампион на Ред Бул, Макс Верстапен, го заврши настапот на Големата награда на Австралија во 40-от круг од трката, откако му откажа моторот.

Верстапен со катастрофален настап во Австралија, му се расипа моторот

Застана покрај патеката поради проблем со мотор и веднаш од боксот добил информација дека трката за него е завршена.

Набргу по застанувањето се запалил задниот дел од автомобилот во кој се наоѓал Верстапен, но со брза реакција бил изгаснат, па немало поголеми последици. Ова е второ откажување на возачите на Ред Бул поради дефект на моторот на првите три трки од сезоната, па јасно е дека Ред Бул мора итно да најде решение.

Да потсетиме, слично нешто му се случи на Верстапен на Големата награда на Бахреин. Возачот на Ред Бул мораше да се откаже на три круга пред крајот во моментот кога го завршуваше вториот. Неговиот автомобил застана и немаше друг избор освен да ја заврши трката.

„Секогаш можете да кажете дека се случуваат вакви работи и дека е можно да се откажеме. Сепак, на врвно ниво, со сите податоци што ги имаме, тоа не требаше да се случи“, изјави Холанѓанецот, а потоа Перез се откажа во последното коло од истата причина:

„Знам дека ова е само една од трките. Знам дека не е трагично и ништо не е готово, но, да бидам искрен, би бил многу среќен со 18-те поени што веќе ги имав во мојот џеб“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснати

До 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Гори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснати

Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три недели

Жалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда  за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.

„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три недели

Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд.

Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува.

Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ.

Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“.

Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас.

Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма.

Ниво на сеење омраза и бес.

Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.

Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура.

Само неколку ќе споменам:

• кловновска дружина

• комуњарско коњиште

• духовен изрод

• евтин хохштаплер

• смешен кловн со две леви нозе

Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза.

И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.

Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски!

Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар.

Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век.

Фашистички методи во 21 век во Македонија.

Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата.

Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се!

Македонија нема ова да го дозволи.

Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата!

Македонија ќе победи!

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер