Верстапен победи во квалификациите за ГН на Белгија, но Леклер ќе стартува од пол-позицијата

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешните квалификации за Големата награда на Белгија.

Квалификациите се одвиваа во услови на дожд. Во третиот сегмент, Холанѓанецот извозе круг за 1 минута и 53,159 секунди.

Возачот на Ферари, Шарл Леклерк го освои второто место, со заостанување од 0,595 секунди зад Верстапен. Сепак, на главната трка, Леклер ќе стартува од првата позиција, бидејќи Верстапен ќе добие казна од 10 позиции поради промена на моторот.

Трет во квалификациите беше вториот возач на Ред Бул Серхио Перез (заостанување +0,606), на четвртото место беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,676).

Трката на Големата награда на Белгија ќе се вози утре со почеток во 15 часот

Мицотакис и фон дер Лајен разговарале за миграцијата и конкурентноста на ЕУ

 Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот град Пафос денеска е домаќин на лидерите на деветте медитерански земји членки на ЕУ, кои се дел од групата МЕД9, а на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК и кралот на Јордан.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и фон дер Лајен на нивната средба разговарале „за приоритетите на новиот европски институционален циклус, со акцентот на прашањата за миграцијата и конкурентноста на ЕУ, кои се на агендата на претстојниот Самит на Европскиот совет“.

Покрај Кипар, кој претседава оваа година, во групата МЕД9 се и Франција, Грција, Шпанија, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија. /МИА

Израелската армија повторно нападна позиции на УНИФИЛ

Министерството за надворешни работи на Либан денеска соопшти дека израелската армија повторно нападнала позиции на мировната мисија УНИФИЛ во јужниот дел на Либан, при што е повредени повеќе лица.

Најостро го осудуваме намерниот и систематски оган на израелската армија врз членовите на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ)“, се наведува во соопштението на либанското МНР.

Официјалната агенција АНИ објави дека „израелски тенк гаѓал ја нападнал кулата УНИФИЛ, при што се повредени војниците на контингентот на Шри Ланка“.

Во сличен инцидент вчера повредени се двајца мировници од Индонезија./МИА

Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток.

Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.

- Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.

Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.

- Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен. /МИА

притисни ентер