Верстапен најбрз на двата воведни тренинзи пред ГН на Јапонија - Канал 5

Верстапен најбрз на двата воведни тренинзи пред ГН на Јапонија

Актуелниот светски првак и водечки во генералниот пласман Макс Верстапен (Ред Бул) денеска на патеката Сузука забележа најбрзо време на првиот и вториот тренинг за Големата награда на Јапонија.

Верстапен најбрз на двата воведни тренинзи пред ГН на Јапонија

На вториот тренинг холандскиот возач ги остави зад себе Шарл Леклер (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен), на второто и третото место. Клупскиот колега на Норис, Шпанецот Карлос Саинц беше четврти, а Џорџ Расел (Мерцедес) имаше петто најбрзо време.

Верстапен беше најбрз и на првиот тренинг, пред Саинц и Норис.

Третиот и последен тренинг е на програмата утре од 5:30 часот, а квалификациите за неделната трка ќе почнат во 8 часот по средноевропско време. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина.

Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори.

Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“.

Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври.

ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери.

Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки.

Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ.

Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер