ФормулаВерстапен ја освои пол-позицијата на Големата награда на ХоландијаВозачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи во денешните квалификации за Големата награда на Холандија. Неговиот најбрз круг беше една минута и 10,567 секунди.Возачот на Мекларен, Ландо Норис (+0,537) го освои второто место на трката, а зад него беше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел (+0,727). Седумкратниот светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон отпадна по вториот квалификациски сегмент. Од 4 до 10 стартна позиција ќе тргнат: 4. Алекс Албон (Вилијамс) +0,852 5. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) +0,939 6. Карлос Саинц (Ферари) +1,187 7. Серхио Перез (Ред Бул) +1.313 8. Оскар Пјастри (Мекларен) +1.371 9. Шарл Леклер (Ферари) +2.098 10. Логан Сарџент (Вилијамс) +6,181. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец Нов безбедносен инцидент го потресе стратешки клучниот Ормутски теснец откако неидентификувана ракета погоди комерцијален танкер додека плови, потврди денес Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO).Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на морето по ударот и дека истрагата за сторителите е во тек. UKMTO WARNING 076-26 Click here to view UKMTO Products⤵️https://t.co/alTxwBuCqv#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/wVnubqrMdp — UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) June 27, 2026 Одмазда за „Евер Лавли“ Овој напад доаѓа во време на ескалација и нови воени конфликти во регионот што се разгореа само неколку часа претходно. Имено, Соединетите Американски Држави извршија обемни воздушни напади на јужниот брег на Иран во текот на ноќта, таргетирајќи ги воените позиции таму. Пентагон официјално потврди дека иранските ракетни и радарски системи, како и базите на беспилотни летала, биле погодени во таа операција, што беше директен одговор на Вашингтон на иранскиот напад со беспилотни летала врз контејнерскиот брод Евер Лавли, кој плови под сингапурското знаме. Падот на прекинот на огнот во Исламабад Техеран не чекаше долго за да одговори на американските воздушни напади. Иранското Министерство за надворешни работи веднаш објави дека неговата војска започнала „одбранбени напади“ против воени цели директно поврзани со американските сили во регионот. Во исто време, тие го обвинија Вашингтон за грубо кршење на Повелбата на ОН и неодамна постигнатиот Меморандум за разбирање од Исламабад, според кој Иран се обврза на траен прекин на воените операции во оваа област. Бахреин, исто така, се огласи утрово, остро осудувајќи го Техеран откако неколку ирански беспилотни летала го нарушија неговиот воздушен простор рано утрово и ја нападнаа територијата на кралството. Властите во Манама изјавија дека со ваквите потези Иран директно ги поткопува тешко заработените мировни напори и официјално побараа итна интервенција од Советот за безбедност на ОН со цел да се спречи понатамошната ескалација на конфликтот во Персискиот Залив.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести58- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаЗаеднички гранични контроли од денеска и на ГП БлатоМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари на граничниот премин Блато, ќе потпишат Договор за воспоставување заеднички гранични премини.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари на граничниот премин Блато, ќе потпишат Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Веднаш по потпишувањето на Договорот, предвидени се изјави од двајцата министри. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини. Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Од стагнација кон систем што испорачува резултати за граѓанитеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска одржа прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи на Министерството за дигитална трансформација во изминатите две години.Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отчетот не е само приказ на бројки, системи и закони, туку показател за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните. „Кога започнавме, наследивме тешка состојба: супстандардни услови за работа, дезорганизирани процеси, тужби, нефункционални системи, блокирани проекти, долг кон програмата Дигитална Европа, блокирани апликации и застој во дигитализацијата на услугите. Но, наместо изговори, избравме работа“, истакна министерот Андоновски. Тој нагласи дека за две години Министерството покажа дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку конкретна промена во секојдневието на граѓаните. Еден од најзначајните резултати е развојот на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk. Бројот на електронски услуги на порталот порасна од 120 во 2024 година на 352 во 2026 година. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1.354 на 13.445, бројот на корисници од 110.000 во 2024 година на 266.000 денес, а вкупниот број поднесени барања од 64.000 на над 340.000. „Ова значи повеќе услуги без шалтер, без непотребни документи и без губење време“, посочи Андоновски. Министерот во отчетот ги претстави 11-те клучни приоритети преку кои се водеше дигиталната трансформација во изминатите две години. Првиот приоритет е Националниот портал за електронски услуги, чиј развој најдобро се гледа преку растот на бројот на услуги, корисници и поднесени барања. Вториот приоритет се центрите за услуги, чиј број се зголеми од 5 во 2024 година на 16 денес, со цел државата да биде поблиску и до граѓаните на кои им е потребна директна поддршка. Третиот приоритет е интероперабилноста, односно размената на податоци меѓу институциите. Месечниот број на трансакции преку Платформата за интероперабилност се зголеми од околу 708.000 на речиси 4 милиони, што претставува раст од 460 проценти. Четвртиот приоритет е електронското работење во администрацијата преку еДМС, каде бројот на институции приклучени на системот се зголеми од 22 во 2024 година на 43 во 2026 година. Петтиот приоритет е европската и реформската агенда. Досега се ослободени 31,7 милиони евра како поддршка за Македонија од Планот за раст, само во делот на дигиталната трансформација. Шестиот приоритет е процесот „Роаминг како дома“. Министерството ги заврши сите домашни обврски за воведување пакети за роаминг со Европската Унија по цени исти како во домашните мрежи за интернет, повици и СМС пораки. Седмиот приоритет е Сајбер безбедноста. За првпат, државниот центар за одговор на сајбер инциденти е примен во светската организација FIRST. Во оваа област се инвестирани 2 милиони евра во опрема, обука на професионалци и меѓународна соработка. Во истиот контекст, воспоставен е и механизам за блокирање нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн, при што досега се забранети 358 нелегални приредувачи. Осмиот приоритет се СМАРТ лиценците, како дигитални постапки кои обезбедуваат поголема правна сигурност, поголема транспарентност и помалку простор за административна субјективност. Деветтиот приоритет се вештачката интелигенција, образованието и дигиталните вештини. Во овој дел, Министерот го истакна Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, проект со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, како и обуките за администрацијата и вложувањето во македонскиот јазик во дигиталната ера. Десеттиот приоритет е безбедноста на децата и дигиталното образование. Министерството го формираше Националниот центар за побезбеден интернет за деца, МкСафеНет, поддржан од програмата Дигитална Европа со повеќе од 700.000 евра. Паралелно, Министерството ја предводи и програмата „21st Century Schools“ со British Council. Единаесеттиот приоритет е транспарентноста и јавната комуникација. Воспоставен е интегриран систем за веб-страниците на Владата и министерствата, а во тек е и изработка на унифицирани веб-страници за 40 општини и органи на државна управа. Министерот Андоновски потенцираше дека резултатите на Министерството се препознаени и меѓународно. Македонија бележи скок од 22 места на GovTech Maturity Index на Светска банка и преминува во категорија А. Во 2025 година, Министерството за дигитална трансформација беше рангирано и на прво место по транспарентност. „Не тврдиме дека сите проблеми се решени. Далеку од тоа. Но тврдиме дека насоката е променета. Од импровизација — кон стандарди. Од недоверба — кон предвидливост. Од стагнација — кон движење“, порача министерот Андоновски. Министерот Андоновски нагласи дека Македонија не смее да биде држава на чекање, туку држава што испорачува конкретни резултати за граѓаните, компаниите и институциите. „Дигиталната трансформација за нас значи држава што е достапна од секој уред, услуги што се завршуваат без непотребни шалтери, институции што разменуваат податоци наместо граѓаните да носат документи, и систем што ги штити податоците и довербата на граѓаните. Нашата обврска е да продолжиме да градиме дигитални услуги, сајбер отпорност и институции кои испорачуваат брзо, транспарентно и еднакво за сите“, истакна министерот Андоновски, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter