ФормулаВерстапен ја освои петтата пол-позиција по редВозачот на Ред Бул, Макс Верстапен, петти пат по ред беше најбрз во квалификациите за Формула 1.Холанѓанецот попладнево во квалификациите за Големата награда на Велика Британија стигна до седмата пол-позиција оваа сезона и 27-ма во кариерата. Верстапен го престигна двократен светски шампион Мика Хакинен во вкупните пол-позиции и се искачи на десетто место во историјата. Ред Бул освојува шест пол-позиции по ред и девет од десет во квалификации во 2023 година. Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен. Од 3 – 10 место се пласираа: Пјастри, Леклер, Сајнц, Расел, Хамилтон, Албон, Алонсо и Гасли. Главната трка за британското Гран при во Формула 1 ќе почне утре од 16 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаДве нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комориДве нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комориСо новите членки ЕнергоКом - Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација. ССКМ денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаг а по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни годинава во Скопје. „Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата. Во услови на динамични економски промени, обединувањето на компаниите во рамки на силен коморски систем е од особено значење за креирање заеднички иницијативи, унапредување на деловната клима и поефикасен институционален дијалог“, изјави претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски. Во овој момент, во состав на ССКМ функционираат следните комори: Агро бизнис комора; ИКТ комора; Комора на сметководители, финансии и даночни советници; Туристичко-угостителска комора; Услужна комора; ЕНЕРГОКОМ – Стопанска комора на компании од енергетиката; Комора на интегрирано приватно здравство; Комора за трговија и дистрибуција; Комора за индустрија и развој; и Комора за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент. Во рамки на Сојузот активно функционираат и трите групации: Групација за проекти; Групација за игри на срек а; и Групација за стартапи. Преку својата работа, групациите придонесуваат за развој на нови иницијативи, поттикнување на иновациите и поефикасно застапување на специфичните интереси на компаниите. Во ССКМ сметаат дека новата организациска поставеност к е овозможи уште посилно поврзување на компаниите од различни сектори, поголема мег усебна соработка, размена на знаење и искуства, како и поефикасно заедничко застапување на интересите на стопанството во земјата и на интернационалните пазари. ССКМ останува посветен на градење современ, силен и обединет коморски систем, кој к е биде двигател на конкурентноста, на дигиталната и на зелената транзиција, посветен кон развојот на претприемништвото и создавањето попредвидлива и поатрактивна деловна средина за македонските компании.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУкраина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границатаУкраина нападна две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата, изјави претседателот Володимир Зеленски.Погодени биле рафинерии во Јарослав и во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер михаил евраев изјави дека ова е најголемиот напад со кој се соочил регионот досега, при што биле соборени 92 дрона. Руското министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 605 украински дронови ноќеска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТоплотниот бран пристигнува и во МоскваТоплотниот бран пристигнува и во Москва, еве ги очекуваните температури во руската престолнина.Москва се подготвува за топлотен бран што ќе трае до почетокот на втората декада од август, при што температурите утре ќе достигнат 32 степени, а во петок 33 степени, соопшти Московскиот метеоролошки институт. За градот веќе е издадено портокалово предупредување за опасни временски услови, што подразбира ризик од природни непогоди и штети. Ова предупредување важи до вечерните часови на 7 август. Се очекува температурите во Русија да го надминат прагот за „голема жештина“, кој за Москва изнесува 30 степени Целзиусови, додека за другите региони тој праг е 35 степени. Рускиот хидрометеоролошки центар појаснува дека поимот „голема жештина“ се однесува на периодот меѓу мај и август, кога температурата ги достигнува или надминува овие вредности. Во меѓувреме, температурата на главната метеоролошка станица во Москва, лоцирана во ВДНХ, во средата се спушти под 30 степени и изнесуваше 28,1 степен Целзиусов.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08