Верстапен ги задржа нападите на возачите на Мекларен и победи на спринтот во Австрија

Верстапен го освои својот трет Формула 1 спринт сезонава.

Макс Верстапен го освои својот трет Формула 1 спринт сезонава, откако триумфираше на кратката трка на Ред Бул Ринг каде што мораше да го искористи целиот свој талент за да ги одбрани нападите на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои завршија веднаш по него.

Четвртото место му припадна на Џорџ Расел, кој во првиот круг беше претекнат од Карлос Саинц во застанувањето за кривината бр.4 кога Шпанецот изврши одлучувачки напад на надворешната страна на кривината. Како што напредуваше трката, возачот на Ферари го загуби ДРС од возачите пред него и тоа му овозможи на Расел да ја врати позицијата непосредно пред половина пат.

Сепак, Саинц се спротивстави на другиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој заврши шести, пред Шарл Леклер и Серхио Перез, кои ги комплетираа бодовите. Леклер направи многу силен прв круг во кој освои три места, претекнувајќи ги Пјер Гасли, Естебан Окон и Перез последователно за да се искачи на седмата позиција откако стартуваше десетти.

Верстапен со победата во спринтот додаде уште два бода на водството во генералниот пласман, во кој има 227 бода. Норис е втор со 156, додека Леклер има 150 на третото место. /MИА

Пијаниот Балотели паѓа по улица, па се правда: Ајде да зборуваме за поважни работи (ВИДЕО)

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели (33) е снимен пред неколку дена во италијанскиот град Удине како паѓа на пешачки премин во друштво со пријатели.

Италијанските медиуми пишуваа дека поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Интер и Ливерпул бил пијан. На видеото одговори Балотели кој моментално нема клуб.

"Видов снимка како паѓам на зедмја. Се шегувавме, тоа беше шега. Не гледам проблем да излезам со другарите и да се забавувам. Никого не повредивме. Не знам зошто ме осудувате. Не се прикажани фотографии и видеа кои ги снимив таа вечер со обожувателите. Бев отворен кон сите. Откако Италија изигра таков натпревар, вест е дека сум бил пијан. Ајде да разговараме за поважни работи“, објави Балотели на Инстаграм.

Италијанскиот напаѓач во август ќе наполни 34 години. Последен клуб за кој настапувал е турскиот Адана Демирспор. Тој пропушти добар дел од сезоната поради операција на коленото. Балотели беше еден од најголемите таленти во Италија, но поради недостиг на дисциплина не го исполни целиот свој потенцијал.

Слушнале необични звуци и го раскопале тротоарот- под него извлекле 3 крокодили (ВИДЕО)

Следното видео наводно е снимено во Индонезија, а веќе некое време кружи на социјалните мрежи.

Сѐ започнало кога случајни минувачи слушнале необичен звук што доаѓал од под тротоарот, а на местото биле повикани комуналните служби.

Кога искршиле дел од асфалтот, пред шокираните луѓе се појавил крокодил.

Еден од работниците го фатил рептилот со специјални држачи, а потоа се појавил друг и се упатил кон камерманот!

На видеото се гледа и трет крокодил кој останал мирен, под скршениот асфалт, а му се гледа само грбот.

Не се знае што се случило потоа - дали некој е повреден, а што се случило со крокодилите кои најверојатно се движеле по водоводната цевка и завршиле на необична локација.

Швајцарец снимал голи деца на плажа во Хрватска- пронашле докази во камерата

Полициски службеници спровеле кривична истрага за 62-годишен швајцарски државјанин кој со мини камера снимал голи деца во Истра.

Полициските службеници утврдиле дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, пишува Аваз.

Швајцарецот е осомничен дека во петокот околу 15 часот и 20 минути во туристички објект снимал деца без облека со мини камера закачена на прст со ластик, што го забележало обезбедувањето и повикало полиција.

Мажот е приведен во полициска станица. По наредба на надлежниот суд, извршен е увид на камерата и техничките уреди кои ги поседува, кои се пронајдени при претресот. На уредите биле пронајдени видеа со инкриминирачка содржина.

Осомничениот вчера попладнето бил приведен во притворското одделение на ПУ на Истра, соопшти полицијата.

притисни ентер