Вероник Хулман: Навременото менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање подобри избори - Канал 5

Вероник Хулман: Навременото менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање подобри избори

Навременото и соодветно менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање подобри избори, вели швајцарската амбасадорка во земјава, Вероник Хулман. 

Вероник Хулман: Навременото менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање подобри избори

Изрази надеж дека при измените ќе бидат земени предвид препораките од Венецијанската комисија и заклучоците од Државниот завод за ревизија. На овој начин како што кажа, ќе се придонесе кон организирање на правични и демократски избори што оцени дека е од голема важност.

-Навистина се надевам дека препораките кои ги имате од Венецијанската комисија ќе бидат земени предвид кога ќе се изменува изборниот законик. Ние поддржувавме, како што реков, добра демократија и добро владеење во Македонија во последните, најмалку 15 години и ќе продолжиме да го поддржуваме истото и во иднина,- - Вероник Хулман.

Од Државниот Завод за Ревизија пак велат дека се задоволни од политичките партии во делот на почитувањето на законските рокови за поднесување финансиски извештаи. Сепак, првиот ревизор Ацевски вели дека се уште има простор за подобрување на начинот на кој се користат јавните средства.

-Јас сум задоволен оваа година во суштина. На крајот на краиштата од преку 60 политички партии само 4 партии останаа веќе кои се блокирани за паричните средства кои ги добиваат од буџетот на државата, што е голем успех во споредба со претходните години.Само неколку партии останаа блокирани со одлука од страна на МП бидејќи не ги испочитуваа крајните рокови за доставување на финансиските извештаи.,- - Максим Ацевски.

Во пресрет на локалните избори, главниот државен ревизор најави и дека Државниот Завод за Ревизија нема да менува ништо во методолошкиот пристап за ревизија на партиите и дека во септември, заедно со меѓународните организации ќе подготват најмалку уште една работилница за доедукација на партиите, но и за независните кандидати за начинот на подготвување на финансискиот извештај.ч

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции.

Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати.

Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики.

Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати.

Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди.

Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој.

Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси.

Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија.

Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања.

Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува.

Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди.

Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта.

Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир.

Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер