Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
1Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
ЖивотВернер Херцог би сакал да снима филм на Марс Германскиот филмски режисер Вернер Херцог ги сними „Фицкаралдо“ (Fitzcarraldo) и „Гризли-човекот“ (Grizzly Man), меѓу десетиците свои филмови и документарци. Во својата работа, честопати патувал на оддалечени места и важи за еден од германските режисери со светска слава, а сега вели дека сакал да патува и во Вселената, па дури можеби и да снима филм на Марс, иако, тоа на негови 83 години „може да биде тешко“, признава. - Патувањето до Марс е технички тешко, одзема многу време и всушност е прилично бесмислено... Така што работењето на филмска сцена за Марс би било непријатно, се пошегува Херцог во изјавата за ДПА. Тој смета дека роботите се многу посоодветни за таква мисија. - Тие можат да возат по токсична почва и вселенското зрачење не е смртоносно за нив. За нас, тоа би било како по своја волја да се пикнеме во микробранова печка, додаде тој. Прашан, дали, сепак, сè уште би сакал да го направи тоа, режисерот одговори: - Со камера, да. Сепак, не очекувам тоа да се случи, заклучи тој, додавајќи ја крилатицата „Не станувам помлад“. Херцог притоа рече дека би сакал да патува во Вселената и двапати се пријавил за вселенски лет, но бил одбиен. - Јас, едноставно, премногу сум стар. Да се соочиме со тоа, вели тој. Херцог неодамна ја доби наградата за филм - доделена од Фондацијата за филм и медиуми и Градот Келн. Неговиот нов документарец „Слонови духови“ беше дел од програмата на Филмскиот фестивал во Келн. Филмот следи биолог кој бара стадо уникатни слонови во суровите висорамнини на Ангола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Актерка облече бикини и го истакна задникотАктерка облече бикини го покажа задникот и ги воодушеви фановите .Откако ја раскина свршувачката со Шон Вајт, американската олимписка шампионка во сноубординг, актерката Нина Добрев ужива во животот. Често се појавува на големи настани и во друштво на славни ѕвезди, што и доликува на нејзиниот актерски статус, а не е тајна ниту тоа дека неодамна беше фотографирана во страсна прегратка со своето ново момче. Иако потенцијалниот пар не ги рекламираше провокативните фотографии, тоа не ја спречи убавата Нина да објави компилација од своите провокативни фотографии на Инстаграм. Како што можете да видите, таа ги поминува жешките летни денови во Италија, а слободното време го искористи за да сподели дел од атмосферата од патувањето со своите фанови на социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлекоа фотографиите во бикини, на кои таа покажа прекрасна фигура и со тоа воодушеви многумина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на теренГрадоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен. Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните. „Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба“, истакна Герасимовски. Тој нагласи дека политиката не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните. „Во Општина Центар секојдневно сме на терен. Организираме маалски средби, буџетски форуми и ги слушаме потребите на граѓаните пред да донесеме одлуки. Истиот принцип треба да го применува и партијата – да го слушне секој член, секој предлог и секое мислење. Само така може повторно да ја изградиме довербата“, рече Герасимовски. Тој порача дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари. „Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории“, заклучи Герасимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела. „Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ. Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела. Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter