1Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи
3Едвард Џозеф, на Дубровник форумот: ЕУ не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања
МакедонијаВерижен судир на крстосницата пред Влада, има повредени Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата пред зградата на Владата. Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите Илиндендска и Климент Охридски. Според очевидците , едно од возилата било службено , а имало и повредени .. На самото место има возила на Итна медицинска помош . Увидот е во тек , а од МВР се очекуваат повеќе информации во текот на вечерва. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВасилевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачиМакедонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процесСДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија. Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка. Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност. Лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува како тие обврски да започнале вчера. Нивното однесување во Собранието јасно ја покажува разликата меѓу реториката која доаѓа од нивните прес-конференции и реалноста. Не ги гласаат реформските закони, бегаат од работните групи, а сега и се обидуваат да го забават реформскиот процес. Но, за разлика од нивната политика на опструкции, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати. Ги реализираме реформите преку конкретни законски решенија и исполнување на обврските. Само во текот на 2024 година беше направен значаен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда со донесувањето на седум клучни закони кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на Европската Унија. Со овие законски решенија државата направи конкретен напредок во зајакнувањето на институциите, подобрувањето на економското управување и модернизацијата на образовниот систем. Во текот на 2025 година реформската динамика продолжи со уште посилно темпо. Беа донесени повеќе закони во областите енергетика, јавна администрација, дигитална трансформација, правда и транспорт, со што продолжува модернизацијата на институциите и подобрувањето на јавните услуги. Европските институции ја потврдуваат посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформскиот процес, што резултираше со најзначајна финансиска поддршка од Планот за раст, споредено со сите други земји од регионот. Тоа е најдобриот одговор на сите обиди за потценување на сработеното. Но сепак, пратениците на СДС не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за Судски совет, Законот за административните службеници, ниту еден закон од областа на образованието, не го гласаа ниту Законот за електронски комуникации, како ни пакетот закони за дигитализација. Не гласаа ништо. Како тогаш зборуваат за европски напредок, а не ги гласаат законите што ќе го овозможат токму тој европски напредок? Додека европските институции го препознаваат напредокот и реформската динамика на Македонија, СДС останува заробен во политички опструкции. Наместо да ги стави државните интереси пред партиските, одбива да ги поддржи решенијата што носат конкретен напредок за граѓаните и европската интеграција. Почитувани, Нема да дозволиме партиските интереси и политичките пресметки на СДС да го забават реформскиот процес. Владата останува посветена на исполнувањето на реформската агенда, а сите потребни законски решенија ќе бидат усвоени во утврдените рокови. Продолжуваме со одговорна и посветена работа во интерес на граѓаните и европската перспектива на државата. Очекуваме опозицијата да покаже конструктивност, да ги надмине дневнополитичките калкулации и да го стави државниот интерес пред партиските цели. Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот според динамиката на спроведување на реформите и посветеноста кон изградба на европската иднина, рече Иванка Василевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМладеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столбВладата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем.Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење. Според плановите на власта, парите кои денес работниците ги уплаќаат во приватните пензиски друштва, треба да се префрлаат назад во државниот фонд - ПИОМ. Ова е крајно опасно. Власта го загрозува вториот столб кој постои токму за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации. Неговото укинување или слабеење значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет - кој оваа Влада веќе го доведе до колапс. Владата планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ. Значи Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари и не можат да исплаќаат пензии соодветно. Јавниот долг рапидно расте, а трошоците за негово сервисирање стануваат сè поголем товар. Буџетскиот дефицит за целата година е потрошен уште во првата половина. За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг. Сето ова се случува поради една причина: корупциските партиски тендери. Наместо парите да одат во пензии, плати, здравство, образование, тие завршуваат во џебовите на партиски послушници преку тендери скроени по мерка. Оваа Влада не ја уништува пензијата само на сегашните пензионери туку и пензијата на нивните деца и внуци. Тоа е катастрофалниот резултат на Мицкоски во изминатите 2 години и тој е одговорен што идните генерации ќе работат цел живот, а на крајот ќе останат без достоинствена пензија, рече Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕдвард Џозеф, на Дубровник форумот: ЕУ не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барањаПрофесорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје. Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања. „Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф. Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја. „ Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина“, подвлече тој. На истиот панел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми. Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook