ТенисВенус Вилијамс планира да игра на „Ролан Гарос“Американската тенисерка Венус Вилијамс ја објави својата желба да игра на Отвореното првенство на Франција.Претходно, 45-годишната тенисерка загуби од Кетлин Кеведо (2:6 и 4:6) во првото коло од турнирот на земјена подлога во Мадрид. Вилијамс ќе се натпреварува и во двојки во Шпанија со Кејти Болтер. -Да, сакам да продолжам да играм на земјена подлога. Овој почеток ми беше доволен повторно да се навикнам на оваа подлога, рече Вилијамс на прес-конференција. Таа, исто така, потврди дека ќе го пропушти турнирот во Рим. -За жал, имам други обврски, па нема да можам да играм во Рим. Многу сум вознемирена. Мојот сопруг е Италијанец и двајцата сме тажни што нема да бидеме таму, додаде поранешната светска тенисерка број еден. „Ролан Гарос“ ќе се одржи од 19 мај до 8 јуни 2026 година. Тагови: венус вилијамс тенисер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаМуцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на МакедонијаРазликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но вели дека не смее да ја открие нивната содржина зашто така ќе бидат осудени на неуспех. -Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели муцунски.во истиот контекст претседателкта а Сиљановска-Давкова пред две недели во емисијата Само интервју на Канал 5 исто така потврди дека се водат дипломатски разговори со претставници на ЕУ и дека постојат можни правни и политички механизми за дополнителни гаранции.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСостојбата во Гостивар останува стабилнаСостојбата во Гостивар останува стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМенаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за негоМенаџерот на бразилската фудбалска ѕвезда, Винисиус Жуниор објави фотографија пред неговиот лет за Лондон За Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна момент на одлука, пренесува „Ас“. Бразилецот треба да се сретне со Жозе Мурињо и со претставници на клубот за да разговараат за неговата иднина. Доколку не се постигне договор за нов договор, станува сè поверојатно дека тој би можел да го напушти клубот ова лето. Според овие информации, Реал Мадрид нема намера да ја подобри својата понуда за продолжување на договорот и очекува брза и јасна одлука од Винисиус. Во меѓувреме, Арсенал продолжува да ја следи ситуацијата и е подготвен да преземе чекори за ангажирање на бразилскиот напаѓач. Колку би платил Арсенал за Винисиус? Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде контролата врз „операцијата Винисиус“. Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Арсенал е подготвен да плати 150 милиони евра за Винисиус. Ова би бил најголемиот дојдовен трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот моментално го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го ангажираше за 116 милиони евра.Тагови: Арсенал Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook