СветВенс: Примирјето со Иран се одржува, претседателот Трамп сака сеопфатен договор со Иран Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека примирјето меѓу САД и Иран се одржува, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не сака „мало“ примирје туку „сеопфатен договор“ со Техеран.„Во моментов примирјето се почитува“, изјави Венс додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендот во Пакистан донеле „значителен напредок“, но оти целосен договор не бил постигнат поради инсистирањата на Вашингтон Иран да не поседува нуклеарно оружје. Венс нагласи дека Иран не смее да поддржува тероризам и оти целта на САД е договор што ќе овозможи интеграција на Иран во глобалната економија. Во меѓувреме, телевизијата „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, објави дека Венс би можел да ја предводи американската делегација на евентуална втора рунда преговори. Според истите информации, во разговорите би можеле да учествуваат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Примирјето истекува следната недела, а како можен датум за нова рунда разговори се споменува четврток. Тагови: Доналд Трамп Џеј Ди Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПочина Бразилка која скокнала банџи од мост висок 40 метри, заборавиле да и го прицврстат јажетоДваесет и едногодишната манекенка Марија Едуарда Родригес де Фреитас почина откако паднала од мост висок 40 метри во Бразил, откако персоналот не успеал да прицврсти јаже за банџи на нејзиниот појас.Трагедијата се случила на мостот Понте до Ескелето во Лимеира, во државата Сао Паоло, а девојката објавувала возбудени пораки на социјалните мрежи непосредно пред скокот, објави Unilad. Застрашувачко видео кое стана вирално го прикажува моментот кога тројца инструктори ја креваат девојката, која стои со раширени раце, и ја фрлаат од работ на мостот. Додека таа паѓа, ужаснатите сведоци почнуваат да викаат на португалски. „Јаже, луѓе, јаже!“, извикаа тие. Јажето за банџи, сепак, не било врзано за неа, туку било оставено да лежи на мостот. Само неколку минути пред фаталниот пад, девојката сподели фотографии од своите нараквици за скокање на својот Инстаграм профил. „Кој е овој луд човек што ме убеди да скокнам од мостот?“, напиша таа на шега во еден од своите постови. Шест лица уапсени Итна помош беше повикана на местото на настанот, но за жал, тие можеа само да ја прогласат Марија Едуарда Родригес де Фреитас за мртва. Нејзиното тело беше однесено во Институтот за судска медицина, а локалните власти започнаа истрага за да утврдат дали постојат основи за поднесување кривични пријави. Локалните медиуми објавија дека шест лица се уапсени на местото на настанот, од кои две се обиделе да избегаат по несреќата. Полицијата истражува дали небрежноста придонела за трагедијата. Според „CNN Brasil“, Инстаграм профилот на компанијата што ги организираше скоковите оттогаш е избришан, како и „WhatsApp“ групата преку која беа споделени информации за настанот. Трагедијата, исто така, покрена прашања за јавниот пристап до самиот мост, што доведе до спор меѓу градот Лимеира и федералната влада на Бразил. Градскиот совет на Лимеира најави тужба против федералната влада за дозволување јавен пристап до опасниот мост. Таа тврди дека мостот е под федерална надлежност и дека со месеци предупредува за ризикот од слободен пристап. Извор: Индекс.хрТагови: Бразилка банџи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“. Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран. „Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху. Happy birthday Mr. @POTUS, Happy birthday Donald. This year your birthday comes at an auspicious time. America celebrates 250 years of freedom - a great nation built on liberty and faith. I wish you continued strength and vigor as you lead America towards a bright future of… pic.twitter.com/PEU1hwSSub — Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו (@netanyahu) June 14, 2026 Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37