Венко Андоновски во тесен избор за Толстоевата награда со уште седум писатели од светот - Канал 5

Венко Андоновски во тесен избор за Толстоевата награда со уште седум писатели од светот

Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е во тесен избор за престижната книжевна Толстоева награда „Јаснаја Полјана“, на Запад популарно нарекувана „Источен Букер“.  

Венко Андоновски во тесен избор за Толстоевата награда со уште седум писатели од светот

Како што соопшти издавачот на романот, „ТРИ“, тоа во средата вечер, на свечена церемонија го соопштило жирито во состав: Владимир Илич Толстој (правнук на Лав Н. Толстој) и писателите Алексеј Варламов, Евгениј Водоласкин, Владимир Отрашенко и Павел Басински.

-Од 30 номинации од 16 земји, жирито во категоријата „странска литература“ се реши за осум наслови, наведува „ТРИ“. Покрај романот на Андоновски, во тесен избор за престижната книжевна награда се и романите: „Палата на соништата“ на Исмаил Кадаре (Албанија), „Внука“ на Бернхард Шлинк (Германија, познат по романот и филмот „Читачот“), „Зимски војник“ на Даниел Мејсон (САД, познат по „Пијано штимер“), „Пиштарки“ на Фернандо Арамбуру (Шпанија), „Кожурец“ на Џанг Јуеран (Кина), „Звукот на нештата што паѓаат“ на Хуан Габриел Васкез (Колумбија) и „Ветување“ на Дејмонд Галгут (Јужна Африка).

Романот на Андоновски на руски го преведе Олга Панкина, која е познат промотор на македонската култура во Руската Федерација. Ова е втора номинација на Андоновски за оваа награда. Во 2017 година беше номиниран неговиот роман „Папокот на светот“, исто така во превод на Олга Панкина, но не се најде во потесниот избор.

Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври, на свечена церемонија на доделувањето на наградите „Јаснаја Полјана“. Наградата jа добиваат писателот и преведувачот.

Писателот Владислав Отрошенко, член на жирито, изјавил дека годинава имаат една од најизбалансираните кратки листи за странска литература, без доминација на некој јазик или регион.

За Венко Андоновски тој вели дека е исклучително талентиран автор од Источна Европа, кој уште пред неколку години го привлекол вниманието на жирито со „Папокот на светот“ и дека тогаш предизвикал „најжив и најголем интерес“.

-Нема сомнение дека денес тој е предводник и врвен претставник на балканската литература, длабоко ценета во Русија. Неговиот нов роман „Папокот на светлината“, во извонредниот превод на Олга Панкина, е прекрасен спој на умот, темпераментот, мудроста, имагинацијата и уметничкиот вкус. Во некоја смисла, близу до неговото дело е романот на албанскиот писател Исмаил Кадаре „Палата на соништата“. Иако книгата е напишана пред многу години, дури и денес, откако се појави првпат на руски, таа навистина фасцинира, бидејќи е длабока работа што може да постои надвор од времето и да зборува за сите времиња, вклучително и за нашето, наведува членот на жирито Отрошенко.

Според писателот Павел Басински, член на жирито за наградата, годинашниот потесен избор е интересен не само поради разновидните високоуметнички текстови во одлични преводи, туку и поради географската широчина на опфатот.

-Застапени се сите континенти освен Австралија: Европа, Азија, САД, Латинска Америка, Африка. Ова е навистина глобален поглед врз современата светска проза во нејзината најдобра форма, истакнал Басински.

Книжевната награда „Јаснаја Полјана“ е востановена во 2003 година, а ја доделуваат Музејот „Јаснаја Полјана“ и „Самсунг електроникс“. Наградата се доделува за најдобро прозно дело во четири номинации: современа руска проза, странска литература во превод на руски, пропуштени ремек-дела и личност. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Најмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). 

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Вториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи.

Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит.

Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути.

Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот.

Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед.

„Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз.

По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус му се извини на Реал, потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилецот Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, но набрзо потоа се огласи и ги критикуваше судиските критериуми.

Винисиус му се извини на Реал,  потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако за време на натпреварот го повлече Нејтан Салиба за коса.

Реал Мадрид оствари минимална победа над Виљареал, но натпреварот го одбележа еден необичен потег на бразилскиот напаѓач. Винисиус влезе во игра во второто полувреме, а само 20 минути подоцна беше исклучен по проверка преку ВАР.

Инцидентот се случи близу средината на теренот, во ситуација кога топката не беше во непосредна близина.

Контроверзниот Вини го повлече Салиба за косата, поради што судијата, по прегледувањето на снимката, одлучи директно да му покаже црвен картон.

Поради исклучувањето, голот што Бразилецот го постигна во продолжението на акцијата беше поништен.

По натпреварот, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и им се извини на Реал Мадрид и на навивачите. „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и на навивачите“, напиша Винисиус на Инстаграм.

Сепак, тој не застана тука. Во следната објава, тој сподели неколку ситуации за кои смета дека покажуваат нееднакви критериуми при судењето, тврдејќи дека токму тој бил казнет во случаи кога други играчи поминале без истите санкции.

„Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“, напиша Бразилецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер