Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
2Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
3Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
ФудбалВенгер: Важна победа по кошмарна недела Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер беше задоволен по победата со 2:0 над Милан на „Сан Сиро“ во првиот меч од осминафиналето во Лига Европа.Со овој успех „топџиите“ запреа серија од 4 порази по ред во сите натпреварувања, но уште поважно е дека направија важен чекор кон пласман во следната фаза на турнирот. Тренерот, сепак, е свесен дека неговиот тим мора да биде внимателен во реваншот и ништо не е решено. - Ова беше важна победа, се разбира. Особено по оваа кошмарна недела. Најважно е дека победивме денес, но уште поважно е да се пласираме понатаму. Треба да го довршиме започнатото дома. Задоволен сум од духот и пожртвуваноста на тимот. Не можевме да преземаме големи ризици, но немаше начин како да играме премногу претпазливо, бидејќи така ќе го загубевме ритамот. Се браневме со голема желба до последен момент, изјави Венгер по мечот. Тој се наврати и на поразите во изминатите неколку недели, споредувајќи ја ситуацијата со „нокаутиран боксер“. - Кога си изгубил финале за Куп, тешко е да се соземеш за неколку дена. Кога си нокаутирам како боксер, немаш време за одговор. Исправен си само до половина, но немаш избор и треба да продолжиш да се бориш. Треба да ја покажеш својата гордост и желба во следниот натпревар, додаде Французинот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 1 Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЈанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација. Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршувањеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. - За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter