Венгер: Останувам во фудбалот, зависник сум од играта

Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер на натпреварот против Хадерсфилд за последен пат седеше на клупата на Арсенал, но изјави дека со сигурност останува во фудбалот.

Венгер 22 години беше тренер на Арсенал, а поради тоа во 22-та минута од натпреварот против Хадерсфилд беше поздравен со овации.

- Дефинитивно останувам во фудбалот. Без разлика дали ќе бидам тренер на некој клуб или ќе работам нешто друго. Зависен сум од играта и мислам дека од тоа нема спас, истакна Венгер.

Фудбалерите на Арсенал се простија со победа од долгогодишниот тренер, а лондонскиот клуб го совлада Хадерсфилд со 0:1.

Оваа сезона Арсенал во Премиер лигата заврши на шестото место со 54 бодови и следната сезона повторно ќе настапува во Лига Европа. /МИА

Хаос на улиците на Малме пред финалето на Евровизија: Илјадници на протест (ВИДЕО)

Овогодинешната Евровизија ја следат низа скандали, а тензиите пред вечерашното финале во Малме се зголемуваат, бидејќи во градот се собраа незадоволни демонстранти.

Имено, пропалестинските протести на улиците се во полн ек, а насобраните и гневни граѓани имаат едно барање - дисквалификација на Израел.

Граѓани веат палестински знамиња и се бунтуваат, барајќи да се дисквалификува Израел.

Инаку, јавноста масовно протестираше поради учеството на Израел на Евровизија 2024, поради што мерките за безбедност се значително зголемени.

Денеска и официјално беше објавена одлуката на ЕБУ, дека претставникот на Холандија е дисквалификуван.

Да потсетиме, шведската полиција ја истражуваше жалбата на една членка на продукцискиот тим по инцидентот по неговиот настап во полуфиналето во четвртокот вечерта.

Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.

УЕФА ќе го казни судијата, поради чија одлука Баерн испадна од Лигата на шампионите

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид и го чинеше испаѓање.

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид и го чинеше испаѓање, требаше да биде еден од клучните судии на УЕФА на претстојното Евро, но поради оваа грешка го загуби тој статус, пишува Daily Mirror.

Марчинијак, длабоко во судиското надополнување, ја прекина акцијата од која Де Лигт погоди за израмнување, со што натпреварот ќе дојдеше во продолженија, иако протоколот предвидува дека линискиот стручњак треба да ја пушти оваа ситуација до крајот, а потоа, доколку се постигнува гол, потоа со помош на ВАР се одредува дали имало офсајд.

Судијата овде не го направи тоа и затоа играчите на Баерн и тренерот Томас Тухел целосно ги загубија нервите, а УЕФА е незадоволна и од одлуката на Марчинијак и неговиот линиски судија Томаш Лискиевич и им подготвува санкции.

Марчинијак судеше многу големи натпревари, вклучувајќи го и финалето на Светското првенство во Катар, а требаше да го суди и на отворањето на Еврото меѓу домаќинот Германија и Шкотска, но УЕФА сега има намера да му ја одземе таа чест. Нејасно е дали забраната ќе трае во текот на целото Евро или Марчинијак ќе добие шанса во подоцнежна фаза од натпреварувањето.

Германската опозиција не се шегува: Бараат да се ограничи цената на донерот

Поради растот на инфлацијата во Германија, опозицијата предложи да се ограничи цената на донерот, омиленото јадење кое стана популарно благодарение на имигрантите од Турција во 70-тите години на минатиот век.

Како што пренесува „Бизнис инсајдер“, цената на овој популарен оброк е повеќе од двојно зголемена поради зголемената инфлација, поради што германската левичарска партија (Die Linke) му предложила на канцеларот Олаф Шолц неговата цена да биде ограничена.

Германскиот канцелар постојано ја отфрли можноста за воведување ценовни ограничувања и владина интервенција на пазарот.

Во Германија, која има над 83 милиони жители, годишно се продаваат околу 1,3 милијарди порции ќебапи, чија просечна цена е околу осум евра. Пред две години просечната порција донер беше околу четири евра.

„Владата мора да интервенира за да спречи донерот да стане луксузна храна за богатите“, вели Кети Гебел, портпаролка за младински прашања во германската левичарска партија.

Оваа партија планира да и предложи на Владата цената на донерот да се ограничи на 4,9 евра, односно 2,9 евра за студентите и младите кои имаат недоволни приходи, а владата би обезбедила субвенции за цената. Владата во Берлин во февруари објави дека цените на храната во земјата растат поради поскапувањето на енергијата и зголемувањето на платите.

„Високата кирија на простории, енергија и храна се најголемите трошоци на продавниците за донер. Доколку се намалат, ќе падне и цената на донерот. Цената на донерот ќе остане висока ако владата не преземе ништо“, вели Кети Гебел.

За овој проблем претходно зборуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој изјави дека секогаш каде и да оди ги прашува младите за промената на цените на донерот.

„Разговарајте со Путин, платив осум евра за донер“, му дофрлил еден од случајните минувачи во 2023 година.

Канцеларот Шолц претходно ја отфрли можноста за владина интервенција и поставување на ценовни лимити. Тој ја пофали Европската централна банка за борбата против инфлацијата. Сојузниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата во Германија се зголемила за 5,9 отсто во 2023 година, а цените на енергијата се зголемиле за 5,3 отсто минатата година. Како резултат на тоа, цените на енергијата во Германија се зголемија за 29,7 отсто до 2022 година.

Студијата спроведена во Шкотска во 2009 година покажа дека донерот е меѓу најнездравите оброци на таканаречената улична брза храна. Имено, студијата покажала дека просечниот донер ќебап содржи 98 отсто од препорачаниот дневен внес на сол за возрасни и дури 150 отсто од препорачаниот дневен внес на заситени масти за возрасен.

притисни ентер