Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести - Канал 5

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести

Венецуелската влада ослободи уште 88 лица кои беа уапсени во протестите што следеа по претседателските избори во јули 2024 година.

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести

Овој потег го означува второто масовно ослободување на затвореници за две недели, во услови на зголемен притисок од САД врз владата на претседателот Николас Мадуро.

Ослободувањето, на Нова Година, дојде откако венецуелската влада објави на 26 декември дека ослободила 99 лица, со што вкупниот број на ослободени затвореници во изминатите две недели достигна 187.

Венецуелската влада изјави дека „овие акции се дел од сеопфатен процес на преглед нареден од претседателот Николас Мадуро“.

Комитетот за слобода на политичките затвореници, локална невладина организација, соопшти дека го потврдил ослободувањето на најмалку 55 затвореници, од кои сите освен еден биле ослободени од затворот Токорон во централна Венецуела.

По објавата на 26 декември, неколку невладини организации се запрашаа дали владата всушност ослободила толку луѓе колку што тврдеше.

Венецуелските невладини организации проценуваат дека околу 900 политички затвореници остануваат во притвор, вклучувајќи ги и оние уапсени пред изборите.

Венецуелската влада соопшти дека не држи политички затвореници, туку политичари кои наводно се обиделе да ја дестабилизираат земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Расте бројот на заболени со западнонилска треска.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот.

Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми.

Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човек

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер