Венецуела од вчера е со двајца претседатели

Истокот и западот се судрија за Венецуела.

Државата од вчера е со двајца претседатели, едниот признат од САД и ЕУ, другиот пак од Русија и Кина.

Најбогатата држава со нафта во латинска Америка, а воедно и најсиромашна на континентот, е на работ на граѓанска војна откако спикерот на парламентот Хуан Гуаидо и лидер на опозицијата се самопрогласи за В.Д. претседател, и со тоа тргна во отворен конфликт со досегашниот претседател Николас Мадуро.

Прогласот Гуаидо го направи пред собир на приврзаници на опозицијата, а неговиот легитимитет набрзо беше признаен од САД, ЕУ и организацијата на американски држави.

-Пред Господ, Семоќниот, Венецуела, со почит кон моите колеги во националното собрание, се колнам дека формално ги преземам национално извршните овластувања како претседател одговорен за Венецуела. – изјави Николас Гуаидо.

Како одговор претседателот Никола Мадуро кој е на власт скоро една деценија, ги протера сите американски дипломати од земјата. Во говор пред неговите приврзаници, тој порача дека прогласот на Гуаидо нема легитимитет и ги повика неговите следбеници да не потклекнат пред империјализмот.

Во согласност со моите функции, се колнам пред народот дека ја почитувам и ќе ја почитувам независноста и суверенитетот и мирот на републиката, и одлучив да ги прекинам дипломатските и политичките односи со империјалистичката влада на САД - изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Одлуката на Мадуро предизвика лавина од реакции во САД, каде државниот секретар Мајк Помпео порача дека дипломатските односи со Венецуела, ќе ги спроведуваат преку владата на Гуаидо.

Американскиот претседател Трамп пак преку соопштение, го предупреди Мадуро да не презема чекори против безбедноста на граѓаните, а не исклучи и можна воена интервенција. Федерика Могерини пак порача дека ЕУ го поддржува потегот на Гуаидо и повика на нови избори.

Поддршка за Мадуро пристигна од официјална Москва од каде порачаа дека САД се мешаат во внатрешните односи на суверена држава, а со сличен став излегоа и властите во Пекинг, додека портпаролот на турскиот претседател на Твитер објави дека во телефонски разговор, Ердоган на Мадуро му изразил поддршка со зборовите, Мој брате Мадуро! Главата горе ние стоиме зад тебе.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер