Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
СветВенецуела го отфрли како апсурден планот на САД за прогласување на „Картел де лос Солес“ за терористичка организацијаАмериканскиот државен секретар, Марко Рубио, неодамна изјави дека Стејт департментот ќе го додаде споменатиот нарко-картел „Картел де лос Солес“ на списокот на „странски терористички организации“.Венецуелската влада денеска го отфрли планот на САД за прогласување на нарко картелот „Картел де лос Солес“, што, според официјален Каракас, веќе не постои, за терористичка организација, нарекувајќи го планот на Вашингтон „апсурден“, објавија британските медиуми. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, неодамна изјави дека Стејт департментот ќе го додаде споменатиот нарко-картел „Картел де лос Солес“ на списокот на „странски терористички организации“. Американските претставници го обвинија „Картел де лос Солес“ за соработка со транснационалната криминална организација „Трен де Арагва“ преку која испраќа дрога во САД. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е лидер на „Картел де лос Солес“. Британските медиуми пренесуваат дека Мадуро и неговата влада постојано негираат каква било вмешаност во криминали од таков карактер и дека ги обвинуваат САД за барање начин за промена на режимот во Каракас за да ги контролираат огромните нафтени резерви на Венецуела. Одлуката за прогласување на „Картел де лос Солес“ за странска терористичка организација се очекува Вашингтон официјално да ја донесе денеска поради неговата наводна улога во трговијата со дрога во САД.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05