Венецијанската комисија препорачува ограничување на мандатите на јавниот обвинител и негов избор со квалификувано мнозинство - Канал 5

Венецијанската комисија препорачува ограничување на мандатите на јавниот обвинител и негов избор со квалификувано мнозинство

 Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики - нови или преземени од законите што се во сила.

Венецијанската комисија препорачува ограничување на мандатите на јавниот обвинител и негов избор со квалификувано мнозинство

Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики - нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада.

Во мислењето се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител, како и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието.

- Со оглед на важноста на овие прашања за автономијата и релативната независност на Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува во контекст на идната уставна реформа, Уставот да се измени и по овие точки, се наведува во документот.

Во однос на Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, во мислењето се препорачува да се преиспита времетраењето на професионалното искуство на сите членови-поротници на Советот, како и да се обезбеди алтернатива на начинот на кој се избираат четирите членови поротници, со што ќе се обезбеди избор базиран на заслугите и интегритетот на кандидатите, како и разновидна застапеност.

Венецијанската комисија предлага и функцијата на обвинителите избрани за членови на Советот на јавни обвинители да биде суспендирана за време траењето на нивниот мандат во Советот.

- Да се разјаснат концептите „влијае врз автономијата на јавните обвинители“ или „ги занемарува или не ги извршува своите функции и должности во работата на Советот“ како основа за разрешување на членовите на Советот на јавни обвинители, се вели во препораките.

Натаму се предлага вклучување дополнителни заштитни мерки со цел важни одлуки, како оние за предвремен прекин на мандатот на член на Советот, да се носат мнозинство гласови на обвинителите во Советот.

- Во Предлог-законот експлицитно да се предвиди дека и обвинителите и лаиците членови на Советот, се избрани врз основа на индивидуален капацитет, дека членовите обвинители не се подредени на Јавниот обвинител на Републиката во однос на нивната работа во Советот, како и да се предвиди дека Јавниот обвинител нема право на глас во Советот за одредени области, како што е дисциплината, се наведува во документот.

Венецијанската комисија предлага и како преодна мерка во Законот да се предвиди дека актуелните членови на Советот ќе продолжат да ја вршат функцијата до истекот на нивните сегашни мандати.

Во однос на Предлог-законот за Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува при одредување на подобноста за извршување на функцијата јавен обвинител меѓу критериумите да се вклучат и менаџерските и организациските вештини, како и да се прецизира дека е можен само еден реизбор на јавниот обвинител.

- Да се предвиди дека секоја кривична пресуда што подразбира затворска казна го прекинува мандатот на Јавниот обвинител и обвинителите; да се изменат основите за разрешување на Јавниот обвинител за да се обезбеди поголема јасност и предвидливост; да се бара од Владата да достави јасно образложение до Собранието кога отстапува од мислењето на Советот на јавни обвинители за разрешувањето на Јавниот обвинител и да се обезбедат соодветни процедурални заштитни мерки за обвинителите што се оценуваат, се додава во препораките.

Венецијанската комисија, исто така, препорачува да се отстрани можноста две последователни негативни оценки за работењето од листата на „најтешки дисциплински прекршоци“ да доведат до разрешување на обвинител, како и да се разјасни дека одговорноста на јавниот обвинител пред Собранието не се однесува на поединечни обвинителски одлуки и гонења на Јавното обвинителство.

Во мислењето се препорачува и да се овозможи член-поротник на Советот на јавни обвинители да биде и негов претседател, како и да се прошири можноста за барање за изземање на член на Советот на јавни обвинители, поради судир на интереси ако учествувал или учествува во други постапки против тој јавен обвинител или кандидат за јавен обвинител.

- Да се избрише фразата „освен ако не е поинаку определено“ од одредбата за еднаквоста на правата и обврските на членовите на Советот на јавни обвинители во Предлог-законот за Советот на јавни обвинители или да се обезбеди затворен список на исклучоци од еднаквоста на правата и обврските на членовите на Советот. Да се разјаснат некои од дисциплинските основи во членовите 93 и 94 од Предлог-законот за Јавното обвинителство, како и концептот на „тешки последици“ што се користи во член 90 од истиот Предлог-закон, додава Венецијанската комисија, посочувајќи дека останува на располагање на македонските властите за понатамошна помош по овие прашања.

Заедничкиот документ на Венецијанската комисија и на ДГИ е изработен по барање на министерот за правда Игор Филков од 24 јули годинава за мислење за Предлог-законот за Јавното обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители.

Мислењето е побарано, како што се наведува во документот, во врска со намерата на македонската Влада да го подобри судскиот интегритет преку ревидирање на процесите за регрутирање, избор, назначување, оценување, унапредување, преместување и разрешување на судии и обвинители.

- За таа цел, во декември 2023 година беше усвоена Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2024-2028), која утврдува различни мерки со цел, меѓу другото, зајакнување на автономијата на Јавното обвинителство, подобрување на улогата на Советот на јавни обвинители (особено во однос на евалуацијата на обвинителите), реформа на процедурите за избор на членови на Советот и подобрување на дисциплинските постапки, посочува Венецијанската комисија.

Во рамки на подготовките на мислењето делегација на Комисијата на 1 и 2 септември престојувала во Скопје на средби со претставници на Министерството за правда, Врховниот суд, Советот на јавни обвинители, Здружението на обвинители, Адвокатската комора, на Делегацијата на ЕУ во земјава, како и на неколку невладини организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? 

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер.

- 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка.

- Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола.

- ​Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки.

Пратеничка група на СДСМ

Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

-СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера.

Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер