Венецијанската комисија препорачува јавниот обвинител да се избира и да се разрешува со квалификувано мнозинство - Канал 5

Венецијанската комисија препорачува јавниот обвинител да се избира и да се разрешува со квалификувано мнозинство

Избор на државен јавен обвинител со двотретинско мнозинство во Собранието но и без право на повторен реизбор. 

Венецијанската комисија препорачува јавниот обвинител да се избира и да се разрешува со квалификувано мнозинство

Ова се клучните препораки на Венецијанската Комисија во мислењето за предлог законот за јавно обвинителство кое во јули го побара министерот за правда Игор Филков. Оттаму даваат позитивни оценки за овој но и за Законот за Советот на јавните обвинители, но и неколку препораки за подобрување во иднина. Државниот обвинител да нема право на повторен реизбор, а за тоа да се промени Уставот. Дополнително, се препорачува јавниот обвинител да се бира и разрешува со квалификувано, односно двотретинско мнозинство во Собранието.

-Венецијанската комисија претходно изјави дека во земјите каде што генералниот обвинител го избира Парламентот, очигледната опасност од политизација на процесот на назначување (што е уште поприсутно во С. Македонија со оглед на тоа дека кандидатите за функцијата јавен обвинител ги предлага Владата) би можела да се намали со употреба на квалификувано мнозинство како механизам за постигнување консензус за таквите назначувања.

Мислењето на Венецијанската Комисија не е обврзувачко, а од Министерството за правда велат дека овие препораки би се разгледувале во иднина. Дел од познавачите сметаат дека се работи за препораки кои вреди да се разгледаат но да не се избрзува. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев посочува на проблем при обезбедувањето на двотретинско мнозинство.

-Мислам дека избрзани решенија кои би ги прифатиле преку ноќ не ветуваат. Квалификуваниот избор е проблематичен да се постигне во Парламентот кај нас. Другото, со еден мандат не ветува којзнае колку. Па замислете да избереме стварно добар кандидат и да не можеме да го реизбереме на сред реформи. Веројатно клучна е политичката волја кај политичките партии ден порано да се откажат од политичките влијанија.изјави – Гордан Калајџиев – Универзитетски професор.

Во постапката за разрешување на државниот обвинител Венецијанската комисија препорачува и Владата да достави јасно образложение до Собраниетово случај ако отстапи од мислењето на Советот на јавни обвинители. Во однос на предлог-законот за Советот на јавни обвинители, Венецијанската комисија препорачува да се преиспита времетраењето на професионалното искуство за сите членови на Советот, како и да се предвиди дека обвинителските функции на обвинителите избрани за членови на Советот се суспендирани во текот на мандатот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер