Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања - Канал 5

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Посетителите на Венеција од денеска мора да платат влезница до 10 евра за еднодневна посета на градот, што е двојно повеќе од сумата што се бараше минатата година кога беше воведен овој систем, јави ДПА.

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Надоместокот важи за сите денови до првиот викенд во мај, а потоа за сите викенди од петок до недела до крајот на јули.

Севкупно, годинава таксата ќе се бара за 54 дена, што е речиси двојно повеќе од лани.

Посетителите мора да добијат QR-код онлајн пред пристигнувањето и да го преземат на нивниот мобилен телефон.

Во 2024 година, Венеција стана првиот град во светот кој наплатува влезници за краткорочните посетители, слично како музеите.

Оние кои немаат билет ризикуваат да бидат казнети до 300 евра.

Системот останува главно непроменет од минатата година, но сега се бара почесто плаќање и во поголем износ.

Луѓето кои направиле предвремени резервации можат да влезат во градот за 5 евра, додека „last-minute“ посетителите ќе платат 10 евра. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето денес претпладне беше сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа имаша појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Дуваше слаб до умерен западен и северозападен ветер. До крајот на денот ќе има услови за нестабилност. Во вечерните часови се очекува стабилизација на времето.

Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Утре и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преветивни активности за заштита од пожари

На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. 

Преветивни активности за заштита од пожари

Денеска (12.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Национални Шуми, спроведе превентивно едукативни активности на подрачјето на ПСОН Чаир, под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и од пожари на отворен простор“ насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување.

На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест.

Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 17:35 часот во Полициско одделение Ранковце било пријавено дека Д.Т. од село во општина Ранковце физички ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 21:27 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е Ф.А.(58) од Дебар кој претходно, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(42) од Скопје, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата сопруга Н.Ѓ.(42) фрлила кон него остар предмет и му нанела расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека ул.„Јадранска Магистрала“ додека се движеле со возило била физички нападната од нејзиниот партнер А.Р. од Косово. Исто така и А.Р. пријави дека бил физички нападнат од неговата партнерка Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер