Вембањама: Се чувствувам подобро, изгледам посилно, а вагата покажува дека сум се здебелил - Канал 5

Вембањама: Се чувствувам подобро, изгледам посилно, а вагата покажува дека сум се здебелил

Центарот на Сан Антонио спарс верува дека имал продуктивен подготвителен период меѓу двете сезони.

Вембањама: Се чувствувам подобро, изгледам посилно, а вагата покажува дека сум се здебелил

- Можам да ве уверам, никој не тренирал како мене ова лето. И ова е моето најдобро лето досега. Можам да кажам дека напредокот е неверојатен. Се чувствувам подобро. Изгледам посилно. А вагата покажува дека сум се здебелил. Значи, сè оди според планот. Што се однесува до моето тело, има само одреден број чекори што можам да ги преземам во текот на летото. Можам само толку да го подобрам. Мислам дека го искористив максимумот од ова едно лето. А сега треба да играм кошарка и да работам на моите вештини со тимот. Значи, да, сакам да играм. И ми недостига кошарката, изјави Вембањама.

Центарот ја заврши минатата сезона предвреме поради длабока венска тромбоза. Кога ќе излезе на теренот за отворањето на регуларниот дел од сезоната против Далас на 22 октомври, ќе поминат осум месеци откако последен пат се појави на теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мадона предизвика хаос во Грција: Поради нејзината посета се затвораа улици, таа посети манастири и кршеше чинии

На грчкиот остров Крф, светската музичка ѕвезда, кралицата на попот Мадона го прослави својот роденден во придружба на обезбедување и со посета на манастир.

Фото: Мадона предизвика хаос во Грција: Поради нејзината посета се затвораа улици, таа посети манастири и кршеше чинии

Американската поп-ѕвезда Мадона го прослави својот 68-ми роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, поради што улиците во селото беа привремено затворени.

Славната пејачка вечераше со семејството и пријателите во традиционална таверна со ребетико музика и грчки специјалитети, до која пристигнаа во црни комбиња придружувани од обезбедување, пренесува „Прототема“.

Според мештаните, од жителите било побарано да ги затворат прозорците од своите куќи за да се обезбеди приватноста на пејачката.

Мадона седеше во градината на ресторанот, а во текот на вечерта беше изведена песната „O pio kalos o mathitis“ од Јоргос Замбетас, додека прославата беше заокружена со традиционалното кршење чинии.

Пред вечерата, Мадона планираше да ја посети црквата на Богородица во Курамадес, која беше отворена специјално за неа; сепак, поради големиот број луѓе собрани во селото, пејачката се откажа од посетата и одлучи да остане само на роденденската вечера.

Неколку дена пред нејзиниот роденден, Мадона престојуваше во Метеори, каде што пристигна со хеликоптер од Крф во придружба на група од околу 12 луѓе, меѓу кои беа нејзиниот син и нејзиниот 30-годишен партнер.

За време на тричасовната посета, таа го разгледа манастирот Варлаам, кој беше отворен исклучиво за нив, и разговараше со игуменот Венедикт, од кого – според зборовите на монахот – побара духовни совети и се распрашуваше за бројаницата што тој ја држеше во раката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макс Верстапен верен на Ред Бул до 2030 година

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 Макс Верстапен стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и денеска потпиша нов договор со тимот на Ред Бул до 2030 година.

Макс Верстапен верен на Ред Бул до 2030 година

Претходниот договор на „лудиот Макс“ истекуваше во 2028 година, но во изминатиот период многу се шпекулираше за негов трансфер во Ферари, Мерцедес, па дури и за предвремено пензионирање на холандскиот возач.

На крајот, Ферстапен сепак се реши да остане во Ред Бул и да се обиде да го врати овој тим на тронот на Формула 1.

„Ги имаме најдобрите луѓе овде и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно, да се вратиме на врвот. Тоа е целта што е зацртана пред сите нас. Отсекогаш сум велел дека ова е моето второ семејство, од првиот ден се чувствувам како дома. Дојдов во овој тим за да поедувам на трки и да освојувам трофеи, она пто го остваривме досега е неверојатно, но сакаме да се вратиме на тие победнички патеки што поскоро“, изјави Верстапен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата.

Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот.

Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата.

„Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз.

Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер