НБАВембањама: Ќе бидам разуменКошаркарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама ноќеска го пропушти мечот со Далас поради повреда на коленото.Спарс загубија од Далас со резултат 93:110. Францускиот кошаркар пред два дена доби удар во десното коленото на натпреварот против Лос Анџелес лејкерс по еден дуел со Ентони Дејвис. - Добив сериозен удар. Но, тоа е само удар. Ништо не мрдна, ништо не се преврте наопаку. Така што е во ред. Ако ми е лошо, ќе бидам разумен. Но, се треба да биде во ред, изјави Французинот по судирот. Во Сан Антонио очекуваат Вембањама веќе за следниот натпревар да се врати во составот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе финализираат измените на изборниот законик, велат од министерството за правдаСе финализираат измените на изборниот законик, а на вчерашната средба на работната група биле разгледани преостаните отворени прашања, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ и Одихр, информираа од министерството за правда.Членовите на работната група размениле мислења по доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус. Политичките партии во текот на денешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура, информираа од правда.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет235 жртви, а 4.300 повредени во земјотресите во Венецуела235 жртви во двата земјотреси што ја погодија Венецуела, а 4.300 луѓе се повредени, потврди министерот за здравство Карлос Алварадо.Се уште под урнатитните се трага по преживеани. Надеж во потрагата по преживеани е вадењето на дете од урантините, детето беше извлечено без никави повреди. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела во текот на ноќта помеѓу среда и четврток. Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај беа прекинати, како и наставата во училиштата. Multiple large apartment buildings collapsed in Playa Grande, La Guaira after yesterdays earthquake in Venezuela Video is taken from (10.6099461, -67.0113786)#Venezuela pic.twitter.com/nDxScsqUc7 — CNW (@ConflictsW) June 25, 2026 Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, ја посети државата Ла Гваира, областа најпогодена од земјотресите. Според соопштението на претседателството, како дел од планот за вонредни ситуации, наредена е мобилизација на тешка механизација и итна дистрибуција на основни потреби, вклучувајќи вода за пиење, храна, душеци и ќебиња.Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураСо меѓународно поетско читање продолжува програмата на Струшки вечери на поезијатаСо меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот во петок (26 јуни) продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата.На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026), „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026), и „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026). На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2025 до 01.05.2026 година. Манифестацијата ќе продолжи со поетско читање „Плејади“ и поетски портрети, како и меѓународно поетско читање „Кругови 2“ и „Ноќ без интерпункција“ со читање на поети застапени во антологијата приредена од Иван Џепароски - „Камен и земја“ и читање на поетите во конкуренција за наградата ЕНХАЛОН. НУМ Струшки вечери на поезијатаТагови: Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook