Велшанец едвај преживеал напад на збеснати оси- докторите избројале 240 убоди по телото - Канал 5

Велшанец едвај преживеал напад на збеснати оси- докторите избројале 240 убоди по телото

Ендрју Пауел (57) бил хоспитализиран и бил подложен на интензивна терапија за да се справи со болката откако бил нападнат од бесни оси.

Велшанец едвај преживеал напад на збеснати оси- докторите избројале 240 убоди по телото

Инцидентот се случил на 18 август пред неговата куќа во близина на градот Брекон. Несреќниот човек излегол надвор и тогаш забележал голем рој како му се приближува. Се обидел да побегне, но залудно.

Пауел се сомнева дека некој друг ги налутил осите и дека се нашол на погрешно место во погрешно време. Истрчал кон куќата, борејќи се со гневните инсекти кои постојано го боцкале.

Осите не го оставиле на мира, а во семејната куќа ја нападнале и неговата сопруга, пренесува Oddity Central.

Пауел нешто подоцна завршил во болница, а лекарите му изброиле 240 убоди на телото.

„Стигнав до куќата, но во паника заборавив да ја затворам вратата. Оси имаше насекаде, дури и во моите панталони“, рече тој.

На несреќниот маж му биле дадени силни лекови поради неподносливите болки и алергиска реакција. Персоналот му кажал дека ќе умрел ако дошол во болница пет минути подоцна.

Тој се сеќава дека неколку пати изгубил свест за време на нападот додека неговото тело се борело со постојаното прободување.

Неколку недели подоцна, тој сè уште чувствува болка, но може да ја толерира и без лекови.

„Се чувствувам слаб и уморен. Не спиев нормално откако ме нападнаа“, рече тој.

За разлика од пчелите, осите можат повеќекратно да ги убодат своите жртви.

Еден или два убоди се опасни ако лицето е алергично, а 30 или 40 можат да убијат. Затоа Велшанецот смета дека е многу среќен што е жив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес во Кина

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Силен земјотрес во Кина

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на растојание од 19 километри од градот Џибин. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали

Економските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини.

ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали

Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%.

Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.

Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти.

Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари.

Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%.

Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè уште ги немаат објавено податоците за јуни месец. Последен податок им е за месец мај, кога инфлацијата во соседно Косово изнесувала 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора била подобра со инфлација од 3,6 проценти и Албанија со 3%.

Од друга страна, ако ги споредиме јуни 2026 и јуни 2022 година, сега кога владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и периодот кога на власт била СДС, тогаш бројките се следни: јуни 2026 инфлацијата во Македонија е 3,4%, додека во јуни 2022 била високи двоцифрени 14,5 проценти.

Ова е резултатот кога ќе споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина и втората со нападот на САД на Иран. Соодносот на инфлацијата сега со таа тогаш во 2022 година е 1:4,26.

Овие не се само статистички податоци и бројки, туку одраз на реалната слика, која влада како се справила со енергетската, со растот на цените, со инфлацијата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж

СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж

Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ.

Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија?

Постојано само лаги и спинови.

Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората, се обиде да протне нов за гласање по пошта - и повторно без никаква контрола и без да се гарантира волјата на граѓаните.

Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови.

Реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес.

СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации.

Скопје, 08.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер