Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинци
2Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинци
ЖивотВелосипедисти од Македонија се искачија на највисокиот вулкан во светот, сместен на АндитеАндите - пространство кое е желба за секој високогорец и авантурист. По недопрените предели каде некогаш живееле Инките, во јануари се движеше првата велосипедска експедиција во која беа и двајца велосипедисти од Македонија. Илија и Никола, со уште осум други членови, се искачија на највисокиот вулкан во светот, Охос дел Саладо на 6893 метри надморска височина. Дел возење, дел носење велосипедите на грб, Илија за Канал 5 раскажува за суровоста, но и авантурата кои ја доживеале. Имале поставено неколку кампови за аклиматизација поради недостатокот на кислород, со цел да не се соочат со висинска болест или други проблеми. Возењето низ пустината Атакама било мошне интересно, раскажува Деревјов. Возењето низ вакви предели носи потешкотии и неочекувани ситуации. Сепак, искуството од претходно искачените врвови Арарат, Ухуру на Килиманџаро и Дамаванд претставувало предност за нашите велосипедисти. Опасностите на планинскиот велосипедизам се секогаш присутни, раскажува Илија. Потребна е голема внимателност при стрмните предели, кои предизвикуваат вистински адреналин за велосипедистите. Стравот доаѓа од самата глава, порачува Илија Следна авантура за Илија и Никола повторно ќе биде некој од високите врвови низ светот. Со постојана активност преку целата година, веруваат дека ќе ја совладаат секоја пречка на планините. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаНБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поениНародната банка ја затегнува монетарната политика со зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на 4,25 насто. Одлуката на Извршниот одбор како што истакна од таму, доаѓа во услови на сè уште присутни инфлациски притисоци, геополитичка неизвесност и засилена кредитна активност во домашната економија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинциДелегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна честПо повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест. Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во Втората светска војна, кога под окупацијата на бугарските фашистички сили, младите животи беа згаснати затоа што во себе носеа идеја за слобода и припадност кон сопствениот народ. Ваташките младинци не се само дел од историјата, туку живо сведоштво за цената што ја плаќале генерации Македонци во борбата за слобода, правда и сопствено национално достоинство. Нивната жртва останува над секоја дневна политика и претставува трајно потсетување дека слободата не се добива лесно, туку се извојува со големи жртви, болка и човечки животи. Во време на нови политички притисоци и обиди за поинакво толкување или разводнување на историските факти, Македонија има обврска да остане доследна и обединета во одбраната на својот идентитет, својата историја и достоинството на својот народ. Движењето ЗНАМ останува цврсто посветено на негувањето на историската вистина и на почитта кон жртвата на македонскиот народ, со јасна порака дека ваквите трагедии никогаш не смеат да бидат заборавени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Собранието дебата за Предлог законот за судската и јавнообвинителската службаПредлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници кои во Собрание говореа на јавна расправа за законското решение. Порачаа дека се незадоволни бидејќи министерството за правда до Собранието доставиле текст, за кој велат дека е целосно различен од договореното со нив. Забележуваат дека барале поинаква пресметка за раст на платите, но и разграничување на нивните позиции. Критики за предлог законите имаше и вишата обвинителка Фатиме Фетаи, а во одбрана на предлог-законот во Собранието беше заменик министерот за правда Ален Деребан. Појаснува дека платите ќе се зголемуваат преку постигнатите колективни договори, а со целиот предлог морале да побрзаат поради роковите од реформската агенда. Заменик-министерот рече дека аргументираните забелешки кои се прифатливи ќе бидат преточени во амандмани, за во второ читање на законот да ги усвојат пратениците на комисијата за политички систем. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38