Велковски: Во завршна фаза е новиот закон за домување, кој предвидува и можност жртви на семејно насилство да добијат дом додека економски не се стабилизираат - Канал 5

Велковски: Во завршна фаза е новиот закон за домување, кој предвидува и можност жртви на семејно насилство да добијат дом додека економски не се стабилизираат

За центрите за социјална заштита, Велковски вели дека ефиканоста е на високо ниво иако потребни се кадровски зајакнувања и дополнителни обуки за вработените. 

Велковски: Во завршна фаза е новиот закон за домување, кој предвидува и можност жртви на семејно насилство да добијат дом додека економски не се стабилизираат

Претставници на надлежни институции, граѓански организации и пратеници денеска се вклучија во надзорната расправа посветена на спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Повеќе центри, во кои жртвите на семејно насилство ќе бидат згрижени, овозможување услови за привремени живеалишта за овие жртви и услови тие да станат економски независни за да не се враќаат повторно кај насилникот се дел од укажувањата што беа изнесени на почетокот на надзорната расправа.

Заменик-министерот за социјална политика и млади Ѓоко Велковски, одговарајќи на прашања од пратенички, рече дека во завршна фаза е новиот закон за домување, во кој, меѓу другото, се предвидува и можност жртвите на семејно насилство да добијат дом додека економски не се стабилизираат.

Според Велковски, никогаш нема да биде доволен бројот на шелтер-центри во земјата, но дека треба да се разгледа можноста за нов модел, кој ќе им овозможи на жртвите, од една страна, да бидат заштитени, но од друга, да може и слободно да се движат и да ги уживаат сите права како и другите граѓани затоа што во шелтер-центрите жртвите имаат 24-часовна заштита.

За центрите за социјална заштита, Велковски вели дека ефиканоста е на високо ниво иако потребни се кадровски зајакнувања и дополнителни обуки за вработените.

Во однос на медиумското известување, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медумски услуги, Зоран Трајчевски, информира дека интересот на новинарите за обуките што ги организира Агенцијата е многу мал.

- За жал, има многу мала заинтересираност иако обуките ги организираме со нашите стратешки партнери. Има многу мала заинтересираност иако најчесто превозот до Скопје е платен. Едноставно, не се појавуваат на овие обуки - рече Трајчевски.

Претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, се надева дека од надзорната расправа ќе произлезат стручни заклучоци, кои ќе треба да ги спроведат надлежните институции.

[Претставници на надлежни институции, граѓански организации и пратеници денеска се вклучија во надзорната расправа посветена на спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки]

- Навистина имаме едно обединување буквално на сите инстанции во општеството за оваа сензитивна тема. Тешко е да се одреди приоритет, но првото нешто што би требало да се измени се законските решенија. Измените веќе се почнати, се работат, не само меѓу министерствата, туку вклучени се и граѓанските здруженија, како и добар број експерти. Покрај измените, важно е да ја запознаеме и јавноста, бидејќи можеби ни недостига повеќе информација за тоа кои сè законски решенија ќе се сменат. Мора да се работи паралелно, но многу е важно да видиме и со кои предизвици се соочуваат институциите. Многупати е полесно да се впери прст и да се обвини некого, но кога ќе почнат да објаснуваат со кои предизвици се соочуваат, сфаќаме дека навистина има недостатоци- некаде во персоналот, некаде во просториите, некаде во локацијата, некаде во обуките итн. - изјави Пешевска пред почетокот на надзорната расправа.

Надзорната расправа продолжува со сведочења од претставници на невладините организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер