Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаВелковски: Пензиите ќе бидат исплатени и ќе има покачувања согласно законските прописи Пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, потенцираше денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во одговор на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ. - Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември. Сето тоа се лаги и ќе биде демантирано за само неколку дена од денеска. Ќе бидат исплатени тие пензии, и во 2026 и во 2027 и понатаму и ќе има покачувања согласно законските прописи. Граѓаните нека бидат мирни, рече Велковски. Заменик министерот потсети дека владите на СДСМ не работеле на зголемување на пензиите а дека тие што изнесувале 14.000 денари сега се 20.000 денари, тие што имале 20.000 сега имаат 26.000 и имаат достоинствен живот. Тренческа кажа дека, според неа, во Буџетот на Министерството за социјална политика немало пари за трансфер до Фондот за пензиско за исплаќање на пензиите во декември и праша од каде ќе бидат обезбедени потребните средства за да може да се трансферираат до Фондот за потоа да се исплатат пензиите. Во однос на второто прашање кое се однесуваше на линеарното покачување на пензиите, Велковски рече дека пензиите се усогласуваат по две компоненти - инфлацијата и трошоците на живот. -Многу добро треба да знаете дека пензиите се усогласуваат по две компоненти - инфлацијата и трошоците на живот во Македонија. Не во Франција, не во Швајцарија, не во Австралија, во Македонија, рече Велковски додавајќи дека треба да се праша колку време трае проверката на пензиите на пример од Франција за да добијат минимално покачување, вели Велковски. Крајната цел е, потенцира Велковски, и така е направен и законот дека тие што се тука во земјава треба да добијат покачување на нивните пензии. - Ние се грижиме за сите граѓани, но оние што се тука во Македонија треба да добијат покачување на нивните пензии. Се грижиме за сите граѓани, но оние што се тука во Македонија се приоритетни, а секој еден од нив придонесува за ова општество, и ние треба да се грижиме за секој еден од нас, рече заменик министерот. За тоа дека дали ќе ја почитуваат одлуката на Комисијата за спречување на дискриминација во однос на тужбите, рече дека секоја одлука на судот Министерството ќе ја почитува максимално. Тренчевска праша и за зголемување на надоместокот и посебниот додаток за лицата со попреченост, на што тој рече дека се грижат за овие лица и дека животот за нив ќе биде многу подобар во периодот што следува. На почетокот на седницата за пратенички прашања, претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека пратениците се приклучуваат кон акцијата за 16 дена активизам против родово базирано насилство.Тагови: Македонија пензии Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“-Денеска присуствував на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија,на Фејсбук објави Премиерот Христијан Мицкоски .Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел. Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив. За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива, стои во објавата на Мицкоски. Тагови: Марта Кос Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПоранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на ВучиќПоранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна. Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“. Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење. „Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере. Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство. Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере. Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта. Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија. Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања. „Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кошНов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари. За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад. Luka took coaching into his own hands 😳 https://t.co/33NnrKRiXl — NBA on ESPN (@ESPNNBA) November 15, 2026 Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter