МакедонијаВелјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економијаИнвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме економијата и да не зависиме само од една индустрија. Една од значајните нови инвестиции е инвестицијата на „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово. Станува збор за мултинационална компанија, со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија, производител на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители. Во периодот од 2026 до 2030 година, компанијата планира да инвестира околу 20 до 21 милион евра, а според бизнис-планот се очекува отворање на 400 до 500 нови работни места. Планот предвидува и извоз кој би достигнал околу 45 милиони евра годишно. Во ТИРЗ Скопје 1, започна изградбата на новата фабрика на „Чагатај Кабло“. Инвестицијата е вредна околу 6 милиони евра, ќе опфати производствен објект од 10.000 квадратни метри и ќе овозможи до 200 нови работни места. Особено значајни се и инвестициите во современи и високотехнолошки индустрии. Во ТИРЗ Кичево започна изградбата на фабриката за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“, додека германската „BMZ Group“ реализира инвестиција од 65 милиони евра во производство на литиум јонски батерии, со планирани 700 нови работни места. Во оваа група се и инвестицијата на „Епсотех“ за развојно истражувачки центар и инвестицијата на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила. Она што особено радува е што инвестицискиот интерес се шири надвор од автомобилската индустрија. Една турска и една германска компанија од областа на високите технологии потврдија дека ќе инвестираат во Македонија. Нивните вкупни инвестиции се очекува да достигнат околу 80 милиони евра, со околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра. Со три странски компании се завршени преговорите за инвестиции и отворање фабрики во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтската индустрија. Паралелно, Владата преговара со уште околу десет компании од различни сектори, меѓу кои високите технологии, автомобилската индустрија, енергетиката и други индустрии со висока додадена вредност. Целта е овие разговори да ги претвориме во конкретни инвестиции, нови производствени капацитети и нови работни места. Во телекомуникацискиот сектор, компанијата „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, планира да инвестира повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, што ќе значи поголема конкуренција, нови услуги и дополнителни можности за граѓаните. Овие инвестиции се потврда дека Македонија станува поатрактивна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува домашните компании, но и да ги отвораме вратите за странските инвеститори кои сакаат да произведуваат и да создаваат во Македонија. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Велјановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПочна судењето на Гркинката која уби три бебиња- донесена е во судот под силно обезбедување (ВИДЕО)Судењето на Ирина Мурцук, која се соочува со многу сериозни обвиненија за смртта на три бебиња, како и за обид за убиство, започна пред судот во Патра со силно полициско присуство.Од раните утрински часови, силни полициски сили се распоредени и во и околу судот во Патра. Преземени се зголемени безбедносни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на судските постапки и да се спречат какви било инциденти. Присуството на полицијата е особено изразено бидејќи за време на претходните транспорти на 26-годишната до судот во Патра, собраните граѓани гласно протестираа, и при нејзиното пристигнување и при заминување, пишува Прототема. Пред судот, граѓаните дури и истакнаа транспарент посветен на бебињата кои, како што изјавија, неправедно ги загубија своите животи. Обвинетата е во притворската единица во Патра од четврток, 5 ноември, откако беше префрлена од затворот Елеонас во Тива, каде што беше притворена. 🚨 Ξεκινά σήμερα Παρασκευή (6/11) στο Μικτό Ορκωτό Δικαστήριο Πάτρας η πολύκροτη δίκη της 26χρονης Ειρήνης Μουρτζούκου. 🚔 Η κατηγορούμενη μεταφέρθηκε στο δικαστικό μέγαρο υπό δρακόντεια μέτρα ασφαλείας της ΕΛ.ΑΣ., αντιμετωπίζοντας τις βαρύτατες κατηγορίες της ανθρωποκτονίας από πρόθεση κατά συρροή σε ήρεμη ψυχική κατάσταση, καθώς και της απόπειρας ανθρωποκτονίας. 👶 ⚡️ Οι κατηγορίες αφορούν την αφαίρεση της ζωής των δύο δικών της βρεφών, καθώς και ενός ακόμη βρέφους. 📌 Σημειώνεται ότι η υπόθεση του μικρού Παναγιώτη παραμένει σε ξεχωριστή δικαστική διερεύνηση. 🎥 Orange Press Agency #parapolitikagr #ΕιρήνηΜουρτζούκου #Δίκη — Parapolitika (@parapolitika) November 6, 2026 Обвинение Според обвинението, 26-годишната жена е обвинета за повеќекратни обвиненија за убиство со умисла извршено додека била во состојба на мир, како и за обид за убиство. Првиот случај се однесува на инцидент за кој се сомнева дека се случил на Божиќ 2020 година, кога, според обвиненијата, таа се обидела да го одземе животот на својот тогашен партнер. Потоа, во обвинението се наведува смртта на шестмесечно бебе на 4 февруари 2021 година, кое било дете на нејзина пријателка. Две обвиненија поврзани со нејзините деца се особено сериозни. Имено, на 19 јуни 2022 година починала нејзината прва ќерка, на возраст од само 19 дена, додека на 17 октомври 2023 година починала и нејзината втора ќерка, на возраст од два месеци. Στο εδώλιο η Ειρήνη Μουρτζούκου – Δικάζεται στην Πάτρα για τον θάνατο τριών βρεφών https://t.co/4EFemLHVTz https://t.co/pRfftL2c0Z — npress.gr (@Npressgr) November 6, 2026 Се изјасни за виновна Според судските записи, Ирина Мурцук се изјасни за виновна во врска со овие случаи, додека судот треба да ги разгледа извештаите од вештачења, форензичките наоди и изјавите на сведоците, според Newsbeast. Во исто време, кривичната истрага за смртта на малиот Панајотис во Амалијада е сè уште во полн ек како посебен судски случај и не е вклучена во денешното судење. Силни полициски сили беа распоредени за да ја придружуваат обвинетата до и од судницата, како во судницата, така и во околните улици.Тагови: бебиња судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме! Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот. Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела! Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евраМотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити.Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити и се очекува да се продаде за дури 900.000 фунти, или околу 1,07 милиони евра. Мотоциклот, познат како Бетпод, го користел Кристијан Бејл, кој го играл Бетмен во филмовите на Кристофер Нолан „Темниот витез“ од 2008 година и „Враќањето на темниот витез“ од 2012 година, објавува CNN. Беше ставен на аукција од куќата „Пропстор“. Режисерот и основач на аукциската куќа, Стивен Лејн, изјави дека мотоциклот, познат и како „Ѕверот“, го дизајнирал Нолан заедно со сценографот Натан Кроули, додека за неговата конструкција бил задолжен уметникот за визуелни ефекти, добитник на Оскар, Крис Корволд. Бетподот е напојуван од мотор на Хонда од 750 кубни сантиметри и е опремен со гуми со дијаметар од дури 80 сантиметри. Лејн рече дека создавањето мотоцикл што практично би можел да функционира на филмски сет е голем технички предизвик и за актерите и за каскадерите. Шест „Бетподи“ се направени, но само еден е официјално одобрен за продажба надвор од студијата „Ворнер Брос“. Онлајн лицитацијата започна вчера и ќе заврши на 4 декември за време на аукција во живо во Лондон. „Бетпод“ се продава заедно со стотици други филмски сувенири, вклучувајќи два комплетни костими на Бетмен, едниот што го носеше Бејл во филмот од 2005 година „Бетмен почнува“, а другиот што го носеше Вал Килмер во филмот од 1995 година „Бетмен засекогаш“. На аукцијата ќе бидат вклучени и шапка и кошула што ги носеше каскадерот Вик Армстронг во филмовите од 1984 година „Индијана Џонс и храмот на пропаста“ и „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ од 1989 година, како и меч што го користеше Кит Харингтон како Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“. Меѓу предметите е и ракавицата на Фреди Кругер, која достигна минимална цена од 25.000 фунти, или околу 30.000 евра, само неколку часа по почетокот на аукцијата. Повеќе од 100 предмети ќе бидат изложени во хотелот „Камберленд“ во Лондон од 19 до 22 ноември.Тагови: аукција Бетмен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00