Вељаноски го отвори 54. Балкански фестивал во Охрид - Канал 5

Вељаноски го отвори 54. Балкански фестивал во Охрид

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски вечерва (6 јули 2015 година) во 21,00 часот, на сцена Долни Сарај во Охрид го отвори 54. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид.

Фестивалот кој важи за најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите ќе трае од 6 до 11 јули 2015 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси и Суарез како во своите најдобри денови

Суарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. 

Видео: Меси и Суарез како во своите најдобри денови

Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0.

Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат.

Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.

Рубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“

Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс.

„Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата.

Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници.

Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на Маркет вижн: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот

Мнозинството од испитаниците се задоволни од квалитетот на нивниот живот, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. 

Анкета на Маркет вижн: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот

И во однос на прославата по повод 35 години независност на Македонија, најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став.

На прашањето „колку сте задоволен/а со вашиот квалитет на живот?“, мнозинството испитаници (57,5%) одговориле дека се задоволни, а 40,7% не се задоволни.

Во однос на прославата по повод 35 години од независноста на Македонија најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став за организацијата, а 31,8% од испитаниците сметаат дека прославата била прескапа и дека парите требало да се потрошат на други работи. 27 отсто од испитаниците немаат став за ова прашање.

Изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски по повод „Денот на независноста“ дека „битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“ предизвика големо внимание и бројни реакции во македонската јавност. Прашањето до испитаниците беше дали оваа изјава ја сметаат за разбирлива, навредлива и дали го поддржуваат овој став.

Поделени се ставовите на испитаниците во однос на разбирливоста на пораката. Најголем дел од испитаниците (41,2%) сметаат дека изјавата е разбирлива, додека за 31% изјавата не е разбирлива.

За повеќе од половината од испитаниците (53,4%) изјавата на премиерот не е навредлива.

Ставовите на испитаниците во однос на тврдењето дека ја поддржуваат изјавата на премиерот се поделени, при што речиси една третина од испитаниците ја поддржуваат изјавата, една третина не ја поддржуваат и една третина имаат неутрален став.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 11 – 27 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Извор: Мкд.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер