Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство
1Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство
3Пилот и десет падобранци, од кои пет медицински сестри, загинаа во авионската несреќа во Франција (ВИДЕО)
ЖивотВелика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапнициТаканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори во два региона на земјата.Британската влада ќе воведе употреба на лекови за потиснување на сексуалниот нагон кај сексуални престапници со цел да се намали ризикот од повторен прекршок и да се намали притисокот врз затворскиот систем, изјави денеска министерката за правда Шабана Махмуд. Таканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори во два региона на земјата. „Од суштинско значење е овој пристап да се имплементира заедно со психолошки интервенции насочени кон други причини за извршување на овие злосторства“, рече таа. Иако беше посочено дека хемиската кастрација нема да биде ефикасна за некои сексуални престапници, Махмуд рече дека истражувањата покажуваат дека таа може да го намали повторувањето на кривично дело до 60 проценти. Таа мерка се користи во Германија и Данска на доброволна основа, а во Полска е задолжителна за некои сторители на прекршоци. Препораката за воведување на хемиска кастрација е дел од обемна ревизија на британскиот затворски систем предводена од поранешниот министер за правда Дејвид Гоук. Гоук бараше начини за намалување на повторувањето кривични дела со цел да се олесни работењето на затворскиот систем што е речиси полн. Новата министерка, Махмуд, ја одобри програмата на Гоук за предвремено ослободување на криминалци од затвор. Ревизијата на Гоук предвидуваше укинување на казни помали од една година, освен во исклучителни случаи, како што е семејното насилство, и тој побара итна депортација на странци осудени на помалку од три години затвор.Тагови: Велика Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравствоВРЕДИ со реконструкцијата на Владата ќе ги добие едно министерество повеќе и ќе раководи со вкупно шест, објави пред малку првиот вицепремиер Беким Сали.. На настанот во Скопје посветен на отчетот за 2 годишнината од работата на ВЛЕН во Владата, Сали кажа дека ВЛЕН ќе го добие ресорите за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, а ќе го отстапи здравството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско ТаорНов случај на фемицид во Македонија... 51 годишен маж од скопско Таор ноќеска е уапсен под сомниние дека ја убил својата поранешна 48 годишна жена... Во близина на скопското село Летевци е пронајдено тело на 48 годишна. Два дена претходно, во петокот таа била пријавена за исчезната од страна на 51 годишен маж со кој живееле во селото Таор. Неофицијално Канал 5 дознава дека до неодамна тие биле сопружници во фаза на развод поради несогласувања но се уште живееле заедно. Полицијата го пронашла нејзиното тело во фаза на распаѓање на околу 13 километри од домот, во атарот на селото Летевци на тешко пристапна шумска локација, а полициската истрага брзо нашла докази дека изврштеил на убиството е токму нејзниот пораншен маж. „На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. “ Од Јавното обвинителство потврдуваат дека со обдукцијата било утврдено дека се работи за насилна смрт. „Дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна.“ Освен осомничениот за убиството, уапсени се и тројца негови пријатели на возраст од 62 до 69 години, но нивната улога во случајот ниту МВР ниту обвинителството засега на ја откриваат. Од обвинителството додаваат дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.еск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПилот и десет падобранци, од кои пет медицински сестри, загинаа во авионската несреќа во Франција (ВИДЕО)Несреќата се случила во Томблен, предградие на Нанси, во североисточна Франција. Според локалните власти, авионот полетал од аеродромот Нанси-Есеј, а полицијата ги повикала луѓето да се држат подалеку од областа по несреќата за да им се овозможи на службите за итни случаи и полицијата да имаат слободен пристап до местото на настанот. „Половина од загинатите се медицински сестри, половина се инструктори“ Претседателот на огранокот на Редот на независни медицински сестри во Мерт и Мозел, Тиери Пеше, изјави за BFMTV дека „се чини дека медицинските сестри се меѓу загинатите“. „Се чини дека денес се одржа церемонија на иницијација“, рече тој, додавајќи дека „околу половина од загинатите се медицински сестри, а половина се инструктори“. Un aéronef s'est crashé juste après son décollage en fin de matinée ce dimanche 28 juin à Tomblaine dans le Grand Nancy. A son bord, 11 personnes dont 5 instructeurs de parachute, 5 élèves et un pilote aguerri. Aucun n'a survécu, selon les autorités. #JT13h pic.twitter.com/1hxj1Pq8Tg — franceinfo (@franceinfo) June 28, 2026 Пилотот и десет падобранци загинаа Според локалниот медиум BFM, пилотот и десет падобранци ги загубија животите во несреќата. Локалната полиција апелираше до граѓаните да ја избегнуваат областа околу аеродромот во департманот Мерт и Мозел за да им се овозможи на службите за итни случаи да работат без прекин.Тагови: падобранци пилот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter