3ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годината
СветВелика Британија: Се влоши безбедносната ситуација во Црвеното МореВелика Британија денеска предупреди дека безбедносната ситуација во Црвеното Море се влошила поради вооружените дејствија на јеменските Хути.Велика Британија денеска предупреди дека безбедносната ситуација во Црвеното Море се влошила поради вооружените дејствија на јеменските Хути, наведувајќи во соопштение дека разурнувачот ХМС Дајмонд на британската Кралска морнарица се приклучил на новата меѓународна работна група за заштита на бродарството во тој регион. Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави денеска дека и италијанската морнарица ќе помогне во заштитата на бродските рути во Црвеното Море и ќе испрати еден од воените бродови. „Италија ќе го направи својот дел, заедно со меѓународната заедница, да се спротивстави на терористичките активности на дестабилизација“, рече Крозето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин ги отфрла повиците за мировни преговори, се подготвува за нови офанзивиСпоред нив, неодамнешните украински напади врз руски рафинерии и пристаништа дополнително ја зацврстиле неговата одлука, а постои и можност за ескалација на конфликтот во наредните месеци.Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците за мировни преговори со Украина и е решен да ја продолжи воената кампања, велат извори од Кремљ за Ројтерс. Коментарите доаѓаат откако Трамп во понеделникот изјави дека Путин сакал војната да заврши и дека решението е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“. Трамп минатата недела имаше одделни телефонски разговори со Путин и Зеленски. Тој се сретна со Зеленски на самитот на НАТО во средата каде што украинскиот претседател рече дека разговарале за „идеи за приближување на мирот“. Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков соопшти дека Русија е подготвена за „мирно решение“, но ќе ја продолжи, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ доколку нејзините услови не бидат исполнети. Во меѓувреме, украински претставници предупредуваат дека Москва се подготвува за нови офанзиви, додека западни аналитичари оценуваат дека евентуална ескалација би можела дополнително да ги зголеми тензиите меѓу Русија и НАТО.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Apple“ загуби на суд: ЕУ го руши „кинескиот ѕид“ околу „iPhone“, доаѓаат големи промениСудот потврди дека продавницата и „iOS“ платформата на „Apple“ се предмет на Законот за дигитални пазари на ЕУ.Американската технолошка компанија „Apple“ го загуби судскиот спор откако Општиот суд на Европската Унија ги отфрли клучните приговори на компанијата за примената на европските правила за ограничување на моќта на големите технолошки платформи. Судот ја потврди одлуката на регулаторот да ја подложи продавницата за апликации и оперативниот систем „iOS“ на „Apple“ на режимот на Законот за дигитални пазари (DMA), официјално потврдувајќи го „Apple“ како таканаречен „gatekeeper“ за овие услуги, објави „Bloomberg“. Во пракса, ова значи дека „Apple“ ќе мора да се придржува до построгите правила на ЕУ кои треба да овозможат поголема конкуренција и полесен пристап до конкурентски услуги, а екосистемот на „Apple“ ќе мора да биде поотворен за други производители и развивачи. „Apple“ ја оспори примената на европскиот закон во неколку области. Компанијата конкретно се спротивстави на обврските поврзани со овозможување компатибилност на конкурентски хардвер со „iPhone“-ите, вклучувањето на „App Store“ на „Apple“ во режимот на „DMA“ и одлуката на регулаторот да испита дали услугата за пораки на „Apple“ треба да биде опфатена со правилата. Судот ги отфрли аргументите на „Apple“ во врска со продавницата и оперативниот систем „iOS“, додека делот од случајот поврзан со пораките го оцени како недозволен, бидејќи услугата на крајот не беше означена како услуга што подлежи на целосните правила на „DMA“. „Apple“ сега може да поднесе жалба на пресудата до највисоката судска институција, Судот на правдата на Европската Унија. Американската компанија веќе се соочува со казна од 500 милиони евра од Европската комисија за наводно кршење на правилата на „DMA“ во врска со правилата на „App Store“ на „Apple“. Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош ја реконструира улицата „Атинска“ во УЗ „Владо Тасевски“Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“.Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со комбинација на бекатон елементи и асфалт. „Започнуваме целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“ која ќе биде завршена за 30 дена. Ги замолуваме нашите граѓани за трпение и разбирање за време на градежните активности“ – истакна Лукровски. Проектот опфаќа реконструкција на улицата во должина од 435 метри, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за завршување на реконструкцијата на улицата е 30 работни дена. Општина Карпош продолжува со континуирани вложувања во подобрувањето и модернизацијата на локалната инфраструктура, со цел создавање безбедна, функционална и квалитетна урбана средина. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter