3СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
ЖивотВелика Британија под предупредување за топлотен бран – температурите до 34 Целзиусови степени Четвртиот топлотен бран ова лето продолжува денеска во Велика Британија, со очекувани температури до 34 степени Целзиусови во делови од Англија.Портокаловото предупредување за здравствена опасност од високи температури останува во сила за Западен и Источен Мидленд, Лондон, Југоисточна и Источна Англија до 18 часот (17 GMT), откако вчера беа измерени 33,4 степени. Поголемиот дел од остатокот на Англија е под жолт метео аларм. Највисоките температури вчера беа забележани во Бенсон (Оксфордшир), Рос-он-Вај (Херефордшир) и Нортолт (западен Лондон). Рекордот за најтопол августовски ден во Британија е 38,5 степени (Фавершам, Кент, 10 август 2003), додека најтоплиот ден во 2025 година досега беше 35,8 степени, исто така во Фавершам, на 1 јули. Метеоролозите за денеска предвидуваат претежно суво и сончево време, со можност за локални поројни и грмежливи дождови во југоисточните делови попладне, како и врнежи во Шкотска. Утре ќе биде нешто посвежо со температури до 29–30 степени во јужните и југоисточните региони, додека в петок повторно ќе се врати многу топло време со температури до 31 степен на југот и југоистокот. Здравствените власти предупредуваат дека температурите над 30 степени можат да предизвикаат сериозни здравствени последици кај постарите и лицата со хронични заболувања, па се апелира граѓаните да преземат мерки за заштита од топлината. Англија во моментов се соочува и со сериозен недостиг на вода – пет региони се во суша, а уште шест во статус на продолжено суво време, што негативно влијае врз земјоделството, екосистемите и ја зголемува опасноста од пожари. Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните. Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување. Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан. Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле. Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците. „Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна. Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво. Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција. Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter