Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
1Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
2СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
СветВелика Британија, Канада, Австралија и Португалија ја признаа Палестина – остри реакции од ИзраелКанада, Австралија, Португалија и Обединетото Кралство и официјално ја признаа Палестина. Потегот доаѓа во пресрет на Генералното собрание на Обединетите Нации каде според најавите, се очекува да се зголеми бројот на земји кои ќе го следат нивниот пример. Целта како што најави британскиот премиер Кир Стармер не е да се награди Хамас, туку да се сочува можноста за решение со две држави. -Обединетото Кралство формално ја признава државата Палестина. / Дејствуваме за да ја одржиме во живот можноста од мир и решение со две држави. Тоа значи безбеден и сигурен Израел покрај одржлива Палестина,- - Кир Стармер – Премиер на Велика Британија. Францускиот претседател Макрон пак, кој најави скорешно признавање на Палестина, преку социјалните мрежи ја истакна и неговата визија за блискиот исток: две меѓусебно признаени држави и демилитаризирана Палестина. Макрон сепак, го услови воспоставувањето на дипломатски односи, кои кажа дека би се случиле по ослободувањето на сите заложници што ги држи Хамас. -Тоа што Франција го сака е две држави да живеат во мир, една покрај друга. Држава Израел која ја признава државата Палестина и држава Палестина која го признава Израел. Држава Палестина која ќе биде демилитаризирана и која ќе живее во мир покрај Израел,- - Емануел Макрон – Претседател на Франција. Израелскиот премиер Нетанјаху пак, во последното обраќање до нацијата дециден – држава Палестина, нема да има, бидејќи тоа е закана за Израел. -Му давате голема награда на тероризмот. Имам и уште една порака за вас: тоа нема да се случи. Нема да има палестинска држава западно од Јордан,- - Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел. На сличен став се и израелските граѓани, а палестинците пак, најавите за признавање ги оценија како чекор кон траен мир. Анкета Израелци : Им понудивме мир можеби пет пати, можеа да се согласат на било која од тие понуди, а тие никогаш не одбраа мир. / Ова признавање кое доаѓа во контекстот на 7 октомври е охрабрување за тероризмот. Анкета Палестинци: Како што државата Израел беше воспоставена во 1948 година со резолуција на Обединетите Нации, така сите земји во светот треба да ја признаат државата Палестина на сличен начин. / Верувам дека се уште нема доволно сериозен притисок кон Израел да им ги даде правата на Палестинците. Германија и Италија најавија дека ќе се воздржат од формално признавање на Палестина. Италијанските власти признавањето го оценија како контрапродуктивно, а според нив потребен е и европски консензус. За Германија пак, признавањето би било краен процес на мировни преговори. За вчерва најавен е и посебен самит под покровителство на Франција и Саудиска Арабија во Обединетите Нации, а на кој ќе се разговара за иницијативата за решение со две држави, Израел и Палестина, но примот на земјата како полноправна членка не е опција поради противењето на САД.Тагови: Израел Палестина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледиПретседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи. Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година. Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје. Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив. Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите. Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити. Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата. Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски. Таа влада беше првата демократска по десет години мрак. Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает. Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете. Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони. Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра. Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите. Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници. За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки. За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа. А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија. Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè. Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате. Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook