Велика Британија истражува дали Епстин користел воздухопловни бази за трговија со девојки - Канал 5

Велика Британија истражува дали Епстин користел воздухопловни бази за трговија со девојки

 Британскиот министерот за одбрана Џон Хили нареди да се прегледаат воените досиеја за да се утврди дали Џефри Епстин користел бази на Британските кралски воздухопловни сили (РАФ) за трговија со девојки во Велика Британија.

Велика Британија истражува дали Епстин користел воздухопловни бази за трговија со девојки

Хили задолжи службеници да пребаруваат во евиденцијата на Министерството за одбрана и да ѝ ги предадат на полицијата сите дневници за летови поврзани со починатиот финансиер и педофил.

Ова доаѓа откако поранешниот премиер Гордон Браун им пиша на шест полициски сили барајќи истрага за тоа дали поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор користел авиони, финансирани од даночните обврзници, и бази на Кралските воздухопловни сили за време на неговиот мандат како трговски претставник за да се сретне со Епстин.

Ендру и поранешниот амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, Питер Манделсон, беа уапсени и ослободени со кауција претходно овој месец поради наводни врски со осудениот сексуален престапник.

Портпарол на Министерството за одбрана изјави: „Министерот за одбрана нареди преглед на сите записи што може да ги има одделот во врска со слетувањата на Епстин во базите на РАФ за да се осигури дека сите информации што се однесуваат на злосторствата на Епстин се откриени и доставени до надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Такси без возачи од денес на улиците на Загреб

Загреб влезе во нова фаза на тестирање на автономно возење: Верне и кинеската компанија Пони.аи започнаа тест возења на роботакси без возач и без оператор за безбедност во возилото.

Такси без возачи од денес на улиците на Загреб

Автомобилите моментално возат на делница од 22 километри што ја поврзува деловната зона Бузин со аеродромот Фрањо Туѓман. Компаниите наведуваат дека ова е прв тест од ваков вид на јавни патишта во Европа.

Досега, роботаксито на Верне имаше присутен оператор за безбедност за време на комерцијалните патувања кој можеше да ја преземе контролата. Сега тој го нема, но возилото го управува систем за автономно возење, додека операторите на Верне го следат возилото од далечина, објавува Јутарњи лист.

Важно е да се напомене дека оваа фаза сè уште не е достапна за корисниците. Не е можно да се нарача возење без оператор преку апликациите Верне или Убер. Ова е тест што постепено ќе се прошири на подрачјето каде што Верне веќе обезбедува услуги во Загреб.

Тројно партнерство

Вернe е компанија од екосистемот на Матe Римаc, додека технологијата за автономно возење ја обезбедува кинеската Пони. Убер е трет партнер, а неговата апликација треба да овозможи нарачување роботски такси во иднина.

Верне објави дека неговите возила поминале повеќе од 200.000 километри во неколку илјади патувања со корисници од почетокот на комерцијалното работење во април. Просечната оценка на патниците е 4,7 од 5.

YouTube video

Компанијата тестира и нова конфигурација на кабината. Совозачкото седиште е отстрането, ослободувајќи дополнителен простор за багаж и голем екран. Функциите на возилото и кабината се контролираат преку централен екран на допир помеѓу задните седишта.

Целосно автономното возење засега е во фаза на тестирање, но неговото воведување претставува важен чекор кон комерцијални роботски такси без човек зад воланот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем.

При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер