Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади - Канал 5

Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади

Владата на Велика Британија соопшти дека на Украина ќе и биде испорачана нова помош во форма на 650 лесни повеќенаменски проектили во вредност од 162 милиони фунти (192 милиони евра) за да и помогне да се заштити од руските дронови и бомбардирања.

Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади

Русија минатата недела го започна својот најголем воздушен напад на Украина од почетокот на војната во 2022 година. Украина повторно побара дополнителна поддршка за противвоздушна одбрана за да се одбрани од нападите со ракети и беспилотни летала.

Новата испорака на проектили е најавена додека британскиот министер за одбрана Џон Хили присуствува на состанокот на Контакт група за одбрана на Украина, коалиција од околу 50 земји, во американската воздухопловна база во Германија.

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека, согласно обврската на новата влада да ја забрза доставата на помош за Украина, првата серија од овие проектили ќе пристигне до крајот на годината.

- Оваа нова обврска ќе даде значителен поттик на украинската противвоздушна одбрана – изјави Хили. Министерството за одбрана соопшти дека проектилите, произведени од компанијата Thales, имаат дострел поголем од шест километри и можат да се испалуваат од различни платформи на копно, море и воздух.

Минатиот понеделник, Русија истрела повеќе од 200 ракети и беспилотни летала врз Украина, убивајќи седум лица и погодувајќи енергетски објекти низ целата земја, во она што Киев го нарече „најмасовниот“ напад во војната. /МИА

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

притисни ентер