Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветВелика Британија го отповика амбасадорот во САД поради врски со Џефри ЕпстајнБританскиот амбасадор во САД, Питер Менделсон денеска е отповикан од функцијата поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, што создаде нов проблем за премиерот Кир Стармер.Притисокот врз Менделсон се зголеми откако американските конгресмени во понеделникот објавија т.н. „роденденска книга“ во која долгогодишниот политичар од Лабуристичката партија во белешка, напишана ракописно, го опишува Епстајн како „мој најдобар другар“. И покрај ова откритие, премиерот Стармер вчера жестоко го бранеше својот амбасадор, изјавувајќи во Парламентот дека Менделсон ја има неговата „целосна доверба“. Сепак, само неколку часа подоцна, скандалот се прошири откако агенцијата Блумберг објави низа имејли меѓу Менделсон и Епстајн, во кои Менделсон изразува поддршка за својот пријател и нуди да разговара за неговиот случај од 2008 година со своите политички контакти. Епстајн се изјасни за виновен за две обвиненија за проституција и помина 13 месеци во затвор по контроверзна спогодба. Но, имејлите до кои дојде Блумберг покажуваат дека Менделсон продолжил да го поддржува Епстајн и по неговата пресуда. „Мислам на тебе и се чувствувам беспомошно и бесно поради она што се случи“, напишал Менделсон. Тој го советувал Епстајн да возврати користејќи техники од книгата „Уметноста на војувањето“ на Сун Цу. Во соопштението за Си-Ен-Ен со кое го најави повлекувањето на Менделсон, британското Министерство за надворешни работи соопшти дека имејлите покажуваат оти „длабочината и обемот“ на врската на сега веќе поранешниот амбасадор со Епстајн е „значително поразлична од она што беше познато во моментот на неговото назначување“. Скандалот околу Менделсон создаде уште една огромна политичка главоболка за Стармер, кој се соочи со прашања за неговата проценка при назначувањето на Менделсон, бидејќи неговото пријателство со Епстајн беше добро познато. Менделсон, кој досега е принуден да се повлече од три високи владини функции поради одделни скандали, со години ги одбиваше прашањата за неговите врски со Епстајн. Запрашан минатата година за неговата врска со сексуалниот престапник, Менделсон рече дека жали што го запознал, но го отфрли прашањето како новинарска „опсесија“. Сепак, обвинувањата станаа потешко да се отфрлат откако демократите во Конгресот објавија копии од т.н. „роденденска книга“ на Епстајн за неговиот 50-ти роденден, составена од Гислејн Максвел, неговата тогашна девојка, во 2003 година. Максвел беше осудена за трговија со луѓе во 2022 година и отслужува 20-годишна затворска казна. Меѓу 238-те страници на книгата има и ракописна белешка, испреплетена со фотографии од Менделсон и Епстајн, која започнува: „Некогаш, еден интелигентен, остар човек што го нарекуваат „мистериозен“, се спушти со падобран во мојот живот.“ Менделсон опишал дека поминувал „многу часови“ чекајќи го овој човек, запознавајќи ги неговите „интересни“ пријатели, и како овој човек го носел со себе во „еден од неговите славни домови“, покрај слика од остров. „Каде и да е во светот, тој останува мој најдобар другар“, напишал Менделсон. Во интервју за британскиот таблоид „Сан“, Менделсон вчера рече дека му било „многу непријатно“ да ги чита тие зборови, и изјави дека се плаши дека наскоро ќе излезат уште „многу непријатни“ преписки. Тој истакна дека ја напишал својата порака пред Епстајн да биде осуден во 2008 година. „Многу жалам што паднав на неговите лаги. Прифатив уверувања што ми ги даде за неговото обвинение, неговиот првичен кривичен случај на Флорида“, додаде Менделсон. Од Министерството за надворешни работи велат дека „предлогот на Менделсон дека првата пресуда на Џефри Епстајн била неправедна и дека треба да се оспори е нова информација“. „Со оглед на тоа, и имајќи ги предвид жртвите на злосторствата на Епстајн, тој е повлечен од функцијата амбасадор со итно дејство“, се вели во соопштението. Менделсон, широко познат во политичките кругови како „Принцот на темнината“ поради неговите макијавелистички вештини, стана директор за комуникации на Лабуристите во 1980-тите. Тој помогна да се претвори партијата во елегантен, глобално насочен, проект пријателски настроен кон капиталот, познат како „Нови лабуристи“, кој на крајот победи со огромна разлика на изборите во 1997 година под водство на Тони Блер. „Ние не сме комунисти, ние сме Нови лабуристи“, изјави тој на еден собир на корпоративни Американци следната година. „Ние сме многу опуштени во врска со тоа што луѓето се збогатуваат, сè додека ги плаќаат своите даноци.“ Но, критичарите велат дека самиот Менделсон долго време е премногу опуштен со своите односи со богатите. Тој поднесе оставка како владин министер во 1998 година поради тоа што не пријавил заем што го добил од колега милионер. Се врати во Владата следната година, но повторно поднесе оставка во 2001 година поради тврдењата дека ја користел својата позиција за да влијае на барањето за британски пасош на еден богат донатор. Потоа, Менделсон замина од Вестминстер во Брисел, станувајќи еврокомесар за трговија од 2004 до 2008 година. Потоа се врати во владата по трет пат под премиерот Гордон Браун, пред да премине во приватниот сектор откако Лабуристите ги загубија општите избори во 2010 година. Кога Стармер победи на изборите минатиот јули, тој првично ја остави Карен Пирс на местото британски амбасадор во САД. Но, откако Доналд Трамп освои втор мандат во ноември, Стармер ја замени, како што се сметаше, сигурната рака со политички тешкаш – способен да маневрира во Вашингтон под водство на Трамп. Стармер сега загуби двајца високи функционери за една недела, откако неговата заменичка, Анџела Рејнер, поднесе оставка во петокот поради неплатениот данок на имот. Повлекувањето на Менделсон доаѓа само неколку дена пред Стармер да го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Велика Британија на државна посета, која ќе вклучува и банкет во замокот Виндзор со кралот Чарлс III. Отпуштањето на Менделсон од страна на Стармер поради неговите врски со Епстајн може да ја направи таа посета понепријатна, со оглед на тоа што и Трамп е вмешан во сопствен скандал поради неговите врски со осудениот сексуален престапник, наведува Си-Ен-Ен. Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПоследното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори. Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта. Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него. Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува. Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан. Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии. Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави. Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко. Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот. Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица. Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет. Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III. Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага. Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроника15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот. Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс. „Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook