БалканВелигденско чудо во Грција- воз помина преку докторка, сите се чудат како преживеа (ВИДЕО)Вистинско чудо се случи во пресрет на Велигден во Грција, кога докторка која ја удри воз во Патра додека се враќаше дома од работа ја преживеа страшната несреќа и ќе закрепне!Д-р Виви Лукопулу била зад воланот на автомобилот која се враќала дома од 36-часовна смена во болницата Свети Андреј во Патра кога излета на шините, иако рампата беше спуштена, објави Прототема. Во тој момент воз со голема брзина се приближувал, а докторката се обидела да забрза, но не можела да го избегне ударот. На снимката, снимена од безбедносните камери, се гледа моментот на страшниот удар и автомобилот како одлетал. Во судирот возилото било целосно уништено, а несреќната лекарка од остатоците на автомобилот била извлечена од пожарникарите. Иако се здобила со повреди на градниот кош, слезината и клучната коска, животот на докторката не е во опасност и таа целосно ќе закрепне. Докторката Виви за медиумите изјави дека не се сеќава како сето тоа се случило. "Не се сеќавам на ништо... Навистина. Добро сум и ви благодарам на сите за поддршката и љубовта, но најмногу им благодарам на колегите кои дојдоа и се грижеа за мене", изјави д-р Виви. „Светецот бдее над неа“ Сопругот на Виви, Јоргос, е убеден дека неговата сакана ја спасил светец. "Се враќаше од смена, исцрпена... Имаше неколку тешки случаи, можеби се изгубила мислејќи на пациентите, а во еден миг се изгубила од вид. Светецот ја чува... Возот малку забавил 50 метри порано, тоа ја спасило", рекол нејзиниот сопруг Јорго. Тој рече и дека е огромен проблем што заштитната рампа не ја штити целата должина на пругата, туку само едната страна од коловозот. „Зошто сè не е затворено, ги прашав надлежните...“, рекол сопругот.Тагови: возови грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗемјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат паритеИако оставањето бакшиш во ресторани и кафулиња е вообичаен начин за изразување благодарност за добрата услуга во многу земји, во Јапонија таков потег може да има сосема спротивен ефект. Во оваа азиска земја, оставањето пари по оброкот се смета за некултурно, па дури и навредливо. Обичаите поврзани со бакшишот се разликуваат низ светот. Во Обединетото Кралство, Германија, Данска и Шведска, вообичаено е да се остават околу десет проценти од сметката, додека во Франција, Италија и Шпанија луѓето обично оставаат околу пет проценти. Во САД, оставањето бакшиш е практично задолжително и често се движи меѓу 15 и 20 проценти, без оглед на квалитетот на услугата. Сепак, во Јапонија важат сосема различни правила. Според Би-Би-Си, повикувајќи се на туристичката агенција InsideJapan Tours, Јапонците сметаат дека обезбедувањето квалитетна услуга е составен дел од нивната работа; следствено, дополнителните пари не се ниту очекувани ниту посакувани. „И покрај предупредувањата дека бакшишот не е вообичаен во Јапонија, некои туристи сè уште инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари, но тоа едноставно не функционира“, изјави Џејмс Манди од InsideJapan Tours за Би-Би-Си. Тој забележува дека не е невообичаено да се види келнер како истрчува од ресторанот по муштеријата за да врати пари оставени на масата. Причината за оваа реакција лежи во јапонската култура, каде што квалитетната услуга се зема здраво за готово како прашање на професионална гордост, а не како средство за заработка на дополнителни пари. Искрената благодарност се цени многу повеќе од бакшишот. Едноставна „оишиката“ - што значи „беше вкусно“ - или „гочисосама дешита“ - израз на благодарност за оброкот - се сметаат за многу посоодветни начини гостинот да покаже задоволство. Придружени со учтив поклон, ваквите зборови имаат многу поголема вредност од парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter