МакедонијаВелигденските празници завршија - зголемен интензитет на сообраќај низ целата државаВелигденски празници завршија, утре е работен ден, а тоа значи дека сите оние кои биле надовор од земјава попладнево се враќаат дома .Тоа веќе традиционално значи метеж и чекања на граничните премини. Колони возила попладнево се учекуваат и на патарините. На таа кај Миладиновци е колешката Елизабета Дамјаноска – Спасеновска, ја имаме во живо. Бети каква е состојбата почна ли очекуваниот метеж? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
СветДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат„Мирот никогаш не бил поблиску„ - позитивни сигнали од медијаторот Пакистан во преговорите за завршување на војната помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Пакистанскиот премиер – Шехбаз Шариф како и шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, без притоа да откријат повеќе детали за содржината, соопштија дека меморандумот за разбирање е во финална фаза. -Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Со финализирање кое веројатно се очекува во следните 24 часа, Пакистан се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела.Уверени сме дека овој историски мировен договор ќе формира силна основа за траен мир.- Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан Сепак, засега остануваат конфликтните изјави на Аракчи и американскиот претседател Доналд Трамп околу делот за Иранската нуклеарна програма во договорот. Според Аракчи, нуклеарното прашање ќе биде одложено за втората фаза од разговорите која би траела околу 60 дена. Додека пак, Трамп тврди дека Иран веќе се согласил да ја напушти својата нуклеарна програма. Дополнително не е прецизирано и како евентуален договор ќе влијае врз Ормускиот теснец и поморскиот сообраќај во тој дел од светот. -Од различни причини, што беше невозможно да се дискутираат во сегашната ситуација и барањата што ги имаа беа неприфатливи, се согласивме на втора фаза од разговорите. Во втората фаза ќе се постигне конечен договор, заедно со разговори за ублажување на санкциите на Иран и неколку други прашања што ќе ги дискутираме подоцна, и ќе се постигне конечен договор. Во сегашниот договор, кој е познат како Меморандум за разбирање од Исламабад, војната ќе заврши.- Абас Аракчи, министер за надворешни работи на Иран Аракчи додаде дека во меморандумот за разбирање тие инсистираат да биде вклучен и прекин на израелското бомбардирање врз Либан, кое засега продолжува. Во меѓувреме, откако Трамп посочи дека потпишувањето на мировниот договор би се одвивало во Европа иако мировните преговори ги води Пакистан, Швајцарија веќе се понуди да биде домаќин на церемонијата на потпишувањето што според светските медиуми, би можело да се случи за време на Самитот на Г7 земјите што започнува утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозицијаСДС да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки.СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот. По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата? Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места? Граѓаните знаат дека СДС секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата. Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани. Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДС ги продлабочи додека беше на власт. Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома. На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДина Дума ја освои Nora Ephron Award: Tribeca ја препозна како силен женски авторски гласДина Дума е првата македонска режисерка што ја добива Nora Ephron Award на Tribeca Festival.Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја препозна Дина Дума како силен женски авторски глас на меѓународната филмска сцена. Во образложението на жирито се истакнува дека Нора Ефрон претставува пример за тоа како јасен женски авторски глас во патријархален свет може да отвори врати за многу други. „Делото на Ефрон често го поставуваше прашањето: како жените преживуваат во непријателски свет? Нашиот избор за добитничка на оваа награда одговара на тоа прашање на многу начини“, се наведува во одлуката на жирито. Жирито го опиша филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ како лирски и политички, допирлив и автентичен, трогателен и топол, а истовремено проткаен со радост и хумор. Во образложението дополнително се истакнува дека, давајќи им глас на оние кои најчесто остануваат без глас, Дина Дума ја воведува публиката во посебно, длабоко човечко искуство, преку конкретни ликови кои ја слават солидарноста и семејството. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше дел од International Narrative Competition, главната меѓународна натпреварувачка програма на Tribeca Festival. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, со продуцентка Лабина Митевска, по сценарио на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, Eurimages, Creative Europe MEDIA и фондови од земјите копродуценти. Со Nora Ephron Award, Дина Дума добива едно од значајните специјални признанија на Tribeca Festival, кое го истакнува значењето на женската авторска перспектива, храброста да се раскажуваат комплексни приказни и силата на филмот да отвори простор за гласови кои ретко добиваат видливост на големата сцена. Наградата има и паричен фонд од 25.000 долари, како директна поддршка за понатамошниот авторски развој и за создавање нови филмски проекти.Тагови: Дина Дума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook