Велигденска честитка од Македонскиот полициски синдикат

​ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

Македонскиот полициски синдикат на своите членови, вработени во МВР,АНБ,УФП и АР како и на останатите граѓани од православна вероисповед кои го прославуваат најрадосниот христијански празник им го честита ВЕЛИГДЕН !!

Почитувани,

Живееме во период кога треба да покажеме пред се храброст, посветеност, трпеливост и мудрост, како што и Ни доликува на Нас, чуварите на мирот и безбедноста на оваа држава.

Сме биле во минатото, тука сме и денес во овие тешки мигови, исправени пред предизвикот, секогаш на висината на задачата, заедно да ја победиме оваа пандемија и да оставиме пример како се сака татковината на идните генерации.Честитајќи Ви го најголемиот празник, Велигден, Ви посакуваме празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир и спокој!!

Христос Восресна! Навистина Воскресна!

Македонски полициски синдикат

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер