Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
1Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
3Илон Маск на удар на демократите, почнуваат голема истрага: Ќе ги следиме фактите, ќе примениме закон
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
1Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
КултураВелигден - најголемата тајна на верата, воскресението на Исус Христос, празник кој носи порака за надеж, обновување и животАко не постоеше Христово воскресение тоа требаше да се измисли, зашто ако Христос не ја победеше смртта тогаш човековиот живот ќе немаше смисла.Ако не постоеше Христово воскресение тоа требаше да се измисли, зашто ако Христос не ја победеше смртта тогаш човековиот живот ќе немаше смисла, ќе беше само едно долго умирање од раѓањето до смртта, но и на човекот во тој период ќе му беше сè дозволено, ќе царуваа неморалот и другите негативни поведенија. Воскресението ја дава смислата на христијанското учење, тоа е суштината на христијанството, потврда и на самата вера, што најмногу се огледа во зборовите на свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“. Православните христијани денеска го празнуваат Велигден - Денот на Христовото воскресение. Велигден не е само најголемиот, туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Велигден е центар на повеќе празници познати како празници со непостојан датум или како циклус велигденски празници. Нивните датуми коишто се менуваат секоја година се зависни од Велигден и се определуваат откако ќе биде одреден неговиот датум. Прочка или Проштени поклади е секогаш седум недели пред Велигден, Првата сабота по Прочка е Тодорова сабота (Тодорица), неделата пред Велигден се Цветници, саботата пред Цветници е Лазарева сабота (Лазарица), четириесет дена по Велигден, и секогаш во четврток е Вознесение (Спасовден), десет дена по него или педесет по Велигден е Духовден (Педесетница). Самиот чин на воскреснувањето на Исус Христос им дава смисла и на некои други празници од христијанскиот календар како што се Божик (денот на Христовото раѓање) потоа Светото благовештение (Благовест), Преображение, Крстовден... За значењето на Велигден, за суштината на воскресението, за 48 - дневниот пост, кој му претходи на празникот, за моќта на простувањето меѓу другото разговараме со свештенослужителот во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, свештеноереј отец Михаил Таневски. -Исус Христос се појави во време кога неморалот и расипништвото владееја со човештвото. Но, и денес, дури и по Неговото земно присуство, многу нешта остануваат исти. Разликата не е во технологијата или индустрискиот напредок, туку во срцата на луѓето, истите човечки слабости, стравови и жед за смисла продолжуваат да не предизвикуваат. Неговото учење ни покажува дека, без разлика на времето, вистинската промена започнува од внатре, од секој човек кој сака да живее според љубовта, правдата и милосрдноста, вели отец Михаил во интервју за МИА. Тој потенцира дека Велигден е празник кој носи порака за надеж, обновување и живот. За христијаните, тој ја означува најголемата тајна на верата – воскресението на Исус Христос, победата на доброто над злото и на животот над смртта. Но додава дека Велигден е и празник кој ги поврзува луѓето и го освежува духот. Ако Христос не воскреснеше, вели отец Михаил, сè што веруваме би било залудно и додава дека верата не е само обичај или традиција, таа е жива, светла сигурност која нè води низ животот и ни дава надеж секој ден. Денеска кај нас се празнува Велигден - Христовото Воскресение, кој се смета не само за најголем, туку и за најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Ќе може ли накусо за значењето на овој христијански празник? -Велигден е празник кој носи порака за надеж, обновување и живот. За христијаните, тој ја означува најголемата тајна на верата – воскресението на Исус Христос, победата на доброто над злото и на животот над смртта. Но, Велигден не е само духовен празник. Тој е време кога семејствата се собираат, се споделува радост и љубов, се чуваат традициите и се создаваат нови спомени. Од бојадисувањето на јајцата, преку трпезата полна со вкусни јадења, до едноставните моменти на заедништво, сето тоа го прави Велигден празник кој ги поврзува луѓето и го освежува духот. Свети Апостол Павле рекол: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“, може ли појаснување на неговите зборови? -Со овие зборови, свети апостол Павле нè потсетува колку е важно воскресението на Христос за нашата вера. Ако Христос не воскреснеше, сè што веруваме би било залудно. Но, неговото воскресение ја покажува Божјата љубов и сила, дава надеж дека животот е посилен од смртта и дека секој човек може да доживее нов, вечен почеток. Верата, како што Павле истакнува, не е само обичај или традиција, таа е жива, светла сигурност која нè води низ животот и ни дава надеж секој ден. На Велигден му претходни 48 - дневен пост, кој е најдолгиот и најстрогиот од сите останати пости. Што значи постот за еден човек кој се подложува на него? -Постот пред Велигден, кој трае 48 дена, е најдолгиот и најстрогиот од сите останати христијански пости. За човекот кој го поддржува, тој значи многу повеќе од воздржување од храна. Тоа е време на духовно прочистување, размислување, молитва и самоподобрување. Постот учи на трпение, умереност и внимателност кон себеси и кон другите, но и го потсетува човекот на важноста на благодарноста и на сопствената вера. Со други зборови, тоа е личен пат кон подлабока поврзаност со Бога и подготвување на срцето за радоста на Христовото Воскресение. Пред самиот почеток на постот се одбележува Прочка или Велики Поклади, колку е важно да простиме и што всушност значи да простиме? -Прочка или Велики Поклади е моментот кога го започнуваме постот со чисто срце. Да простиме значи да го ослободиме сопственото срце од тежината на навредите, лутината и обвинувањата кон другите. Не станува збор само за другите – простувањето најмногу нè ослободува нас самите, ни помага да созрееме духовно и да го наполнеме срцето со мир и љубов. Ова е време кога се потсетуваме дека со чисто и простувачко срце полесно ја прифаќаме Божјата љубов и сме подготвени за радоста на Велигден. Последната недела од Велигденските пости, неделата пред Велигден се вика и Велика и Страстна недела, а народот ја вика и Глува недела. Зошто на оваа недела и е дадено такво значење? -Оваа недела е време на тишина, размислување и внатрешна смиреност. Секоја молитва и секој момент на размислување нè потсетува на страдањата на Христос и на големата љубов што ја покажал за човештвото. Народот ја нарекува и Глува недела, бидејќи деновите носат сериозна, тивка атмосфера која нè повикува да се сопреме и да го ослушнеме сопственото срце. Во овој период, вниманието кон духовните вредности и подготвеноста на срцето за радоста на Велигден го прават секој момент посебен и ни помагаат подлабоко да ја почувствуваме верата. Исус Христос се јавил во едно пресудно време на човештвото кога зацарувале неморалот и расипништвото, но и по негововата земна појава, времето како да не е сменето. Која е разликата од тоа време и денешното, ако го исклучиме индустрискиот и технолошкиот напредок? -Исус Христос се појави во време кога неморалот и расипништвото владееја со човештвото. Но, и денес, дури и по Неговото земно присуство, многу нешта остануваат исти. Разликата не е во технологијата или индустрискиот напредок, туку во срцата на луѓето, истите човечки слабости, стравови и жед за смисла продолжуваат да не предизвикуваат. Неговото учење ни покажува дека, без разлика на времето, вистинската промена започнува од внатре, од секој човек кој сака да живее според љубовта, правдата и милосрдноста. Ќе може ли да ни го опишете накусо последниот ден на Исус Христос пред Распнувањето, а потоа и Воскресението? -Последниот ден од земниот живот на Исус е исполнет со страдање, предавство и силна тага, но и со безусловна љубов кон луѓето. Денот завршува со распнувањето, но надежта не умре, бидејќи три дена подоцна Христос воскреснува, носејќи светлина и радост во светот. Воскресението носи порака дека животот е посилен од смртта, дека доброто победува и дека секој човек може да доживее обновување и надеж. Проповедал љубов, мир, ненасилство, но наместо да биде прифатен бил омаловажуван и распнат. Колку е тешко денес да се прифати ова Христово однесување во секојдневнието, да изреагираме смирено, наместо сами во свои раце „да ја земеме правдата“? -Исус проповедаше љубов, мир и ненасилство, но често беше одбиен и повредуван. Денес, ни е тешко да постапуваме исто. Кога сме навредени, природно е да сакаме да се одмаздиме. Сепак, Христовото учење нè потсетува дека вистинската сила е во смиреноста и простувањето. Кога реагираме со мир и љубов, создаваме не само мир во себе, туку и влијание кое може да ги промени и другите околу нас. За крај Вашата порака до нашите читатели за Велигден? -Велигден е празник кој нè потсетува на сила, љубов и надеж што ги носи Христовото воскресение. Нека овие денови ве инспирираат да го отворите срцето за мирот и радоста, да простувате, да ги цените семејството и пријателите и да ги негувате вредностите кои го прават животот подобар. Со внимание кон другите и со внатрешна светлина, нека секој момент од Велигден биде потсетник дека секој нов ден носи можност за обновување, нови почетоци и вистинска духовна радост. Нека воскреснатиот Христос ги исполни вашите срца со мир, вера и љубов, и нека ве води низ сите животни искушенија. Честит и благословен Велигден! Христос Воскресна-Навистина Воскресна!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДвајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)Додека Емануел Макрон го пречекуваше словачкиот претседател Петер Пелегрини, двајца членови на почесната гарда на Елисејската палата се струполија на само неколку чекори од францускиот претседател.Двајца членови на почесната гарда на Елисејската палата се струполија до францускиот претседател во среда, додека Емануел Макрон го пречекуваше словачкиот претседател Петер Пелегрини. Снимките снимени од словачката телевизија покажуваат како еден стражар се затетеравува, го испушта својот меч, а потоа се струполи на земја. Емануел Макрон и неколку други веднаш му се приближија на човекот, кој изгледаше дека ја изгубил свеста. A member of the honor guard collapsed on Wednesday as Slovak President Peter Pellegrini arrived at the Élysée Palace in Paris for a visit. French President Emmanuel Macron and staff members approached the guard before staff carried him away. Macron then greeted Pellegrini. The guard’s condition and the cause of the collapse are not known. — CBS News (@CBSNews) November 11, 2026 Потоа францускиот претседател го поздрави Питер Пелегрини, кој се приближуваше кон влезот на палатата, кога друг стражар, овој пат надвор од кадарот, исто така се струполи. Може да се слушне звукот на мечот на друг стражар како паѓа на земја, а може да се види и реакцијата на Емануел Макрон. Еден човек, за кој се верува дека е зад камерата, прашува: „Што е ова, по ѓаволите?“ When Emmanuel Macron walks by, the guard suddenly collapses to the ground. He starts convulsing and is rushed in. Macron’s expression as all this is happening sends chills down my spine. https://t.co/9CvUPcT9wG — Matt Wallace (@MattWallace888) November 11, 2026 Потоа стражарот беше изнесен од персоналот на Елисејската палата. „Двајцата претрпеа вазовагална синкопа и веднаш беа третирани“, соопшти денеска придружбата на францускиот претседател. „Тие се неповредени и се добро.“ Што е вазовагална синкопа и што ја предизвикува? Вазовагалната синкопа е краткотрајно губење на свеста предизвикано од ненадеен пад на крвниот притисок и забавување на срцевиот ритам, привремено лишувајќи го мозокот од крв и кислород. Тоа е најчестата форма на несвестица и обично не е знак на сериозен медицински проблем. Вазовагалната синкопа може да биде предизвикана од: • продолжено стоење, особено на едно место; • високи температури и затнати простори; • дехидрација; • силен стрес, страв или емоционален шок; • болка или исцрпеност. Лицето обично прво доживува вртоглавица, гадење, слабост, потење и заматен вид, а потоа може накратко да ја изгуби свеста и да се онесвести. Опоравувањето е обично брзо, особено ако лицето легне и ги крене нозете. Почесните гарди мора да стојат подолг временски период, често во униформа и под полна опрема, за време на церемонијата. Оваа положба, во комбинација со топлина, замор или несоодветен внес на течности, може да предизвика вазовагална синкопа. Затоа е можно двајцата мажи да се онесвестиле за време на церемонијата, иако не е сигурно која била непосредната причина во нивниот случај.Тагови: Емануел Макрон гарда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаХуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно Хуманоидните роботи наскоро би можеле да станат вообичаена глетка во фабриките и магацините, а нивното производство во Соединетите Американски Држави би можело да достигне дури 1,5 милиони единици годишно до 2035 година. Ова го предвидува инвестициската банка JPMorgan, која очекува индустријата за хуманоидна роботика брзо да се развива во текот на следната деценија. Според анализа објавена од Ројтерс, американското производство на хуманоидни роботи би можело да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 единици годишно до 2030 година. Пет години подоцна, тој број би можел да биде речиси четири пати поголем. Најголема побарувачка се очекува во производството, логистиката и магацините, каде што роботите би можеле да преземат повторувачки рачни задачи. Недостатокот на работна сила и сè поповолните оперативни трошоци дополнително го стимулираат интересот на компаниите за оваа технологија. JPMorgan проценува дека трошоците за ангажирање хуманоидни роботи веќе се приближуваат до трошоците за човечки труд. Според нивните пресметки, користењето роботи во повеќе смени би можело да им заштеди на некои компании околу 100.000 долари годишно. Сепак, масовното производство е сè уште далеку од едноставно. Аналитичарите предупредуваат дека роботските раце, актуаторите, системите за вештачка интелигенција и производствениот капацитет претставуваат најголеми пречки за понатамошен развој. Роботите мора сигурно да манипулираат со предмети, да се движат низ сложени средини и да извршуваат задачи без постојана човечка помош. Повеќето американски производители, со исклучок на Тесла, моментално планираат да произведуваат помеѓу 10.000 и 30.000 хуманоидни роботи годишно. Меѓу компаниите што JPMorgan ги издвојува се Тесла со својот робот Оптимус, Бостон Дајнамикс со својот Атлас, Фигура АИ, Агилити Роботикс и Аптроник. Се очекува силен раст и на пазарот на компоненти. JPMorgan проценува дека пазарот за клучни делови за хуманоидни роботи, вклучувајќи мотори, актуатори и системи за машински вид, би можел да достигне речиси 30 милијарди долари до 2035 година. Доколку предвидувањата се остварат, хуманоидните роботи би можеле да станат важен дел од индустриското производство во следната деценија. Сепак, колку брзо ќе преминат од демонстративни видеа до секојдневна работа ќе зависи од нивната сигурност, цена и способноста на производителите да ги произведуваат во големи количини.Тагови: хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГерманската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат Граѓаните се соочуваат со растечки трошоци и намалувања на јавните услуги, додека федералната влада троши милиони евра за мебел, осветлување и декорација, тврди Германското здружение на даночни обврзници.Од почетокот на тековниот мандат на Бундестагот во мај 2025 година, федералната влада потрошила околу 5,8 милиони евра за нов мебел, опрема за простории и декорација. Бројките беа објавени во одговорот на владата на пратеничко прашање од пратеничката група на Алтернатива за Германија (AfD) во Бундестагот. Бројките предизвикаа остри критики од Германското здружение на даночни обврзници. Претседателот на здружението, Рајнер Холцнагел, особено го критикуваше она што го опиша како несовпаѓање помеѓу повиците до граѓаните да штедат и трошењето во рамките на државниот апарат. „Наводно нема простор за намалување на финансискиот товар врз граѓаните, но кога станува збор за самиот државен апарат, ременот е доста лабав - кога станува збор за декорација и такви работи“, изјави Холцнагел за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“. Министерствата за надворешни работи, одбрана и финансии се меѓу најголемите трошачи Шеснаесет федерални министерства потрошиле вкупно околу 5,8 милиони евра од мај 2025 година. Оваа сума вклучува не само класичен мебел, туку и ламби, теписи, завеси, слики, скулптури и украсни растенија. Министерството за надворешни работи издвоило пари специјално за мебел и декорација. Од почетокот на тековниот мандат, потрошило вкупно 840.062 евра за мебел, ламби, теписи и декорација. Само во 2026 година, околу 256.000 евра биле издвоени за ламби, теписи и завеси. Министерството за одбрана е на второ место со околу 813.000 евра. Федералното министерство за финансии, исто така, евидентирало значителни трошоци. Одделот предводен од министерот за финансии Ларс Клингбеил (SPD) инвестирал повеќе од половина милион евра во мебел, опрема и декорација од мај 2025 година. Министерството за финансии е на врвот на листата по трошоци за декорација Податоците за трошоците за декорација се особено интересни. На прво место е Министерството за финансии, кое од мај 2025 година издвои вкупно 45.077 евра за оваа намена. Ова значи дека овој оддел учествува со повеќе од една четвртина од вкупните трошоци за декорација на федералната влада. Министерството за финансии, исто така, евидентираше значителни трошоци за опремување на канцеларии на највисоко ниво на управување. Само во 2026 година, досега се потрошени 47.737 евра за реновирање и повторно опремување на овие канцеларии. За Здружението на германски даночни обврзници, овие бројки се причина да се преиспита политиката на трошење на федералната влада. Холцнагел смета дека оние кои бараат заштеди од граѓаните мора да ги применуваат истите стандарди и во своите институции и министерства. Според него, Комитетот за буџет на Бундестагот има посебна одговорност, што сега може да покаже колку сериозно политичарите ги сфаќаат најавените мерки за штедење. Оваа контроверзност повторно го отвора поширокото прашање за одговорноста на федералната влада во ракувањето со парите на даночните обврзници. Особено во време кога јавните финансии се под притисок, граѓаните внимателно ќе следат на што политичарите ги трошат своите пари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter