Велиај: Истрагата на СПАК ја поддржувам на секој чекор, презирам лажни вести од медиумите - Канал 5

Велиај: Истрагата на СПАК ја поддржувам на секој чекор, презирам лажни вести од медиумите

 Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, реагираше во врска со истрагата што ја започна Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, против него, неговата сопруга и други членови од семејството.

Велиај: Истрагата на СПАК ја поддржувам на секој чекор, презирам лажни вести од медиумите

Во реакција на социјалните мрежи подвлекува дека ги поздравува и ги поддржува процедуралните чекори што ги презема Специјалното обвинителство во врска со овој случај.

- Врз основа на процедуралните чекори што ги презема Специјалното обвинителство во врска со имотната истрага што се води против мене и членовите на моето семејство не само што се добредојдени, туку и ги поддржувам на секој чекор. Помина долго време откако истрага и судење спроведува опозицијата заглавена во калта на корупцијата и т.н. "медиуми“, кои се борат со секој јавен функционер кој не подлегнува на нивните притисоци и уцени за неправедна корист, стои во објавата.

Јас и членовите на моето семејство, како граѓанин на оваа земја, но во исто време и во својство на градоначалник на Тирана, додава понатаму, секогаш ќе бидеме отворени за секаква постапка и одлука на институциите на правдата.

-Но, истовремено и за презир кон секоја невистина, која има за цел да го наруши мојот имиџ и на членовите на моето семејство, како и ширење, пред се, дезинформации за работата на самите овие институции, наведува Велиај.

Посочува дека "не припаѓа на старата политичка каста која се става над законот, правдата и институционалната одговорност".

СПАК го истражува за аферата со инценаторите, аферата „5Д“ во која се притворени најмалку десеттина високи општински раководители, но и истрагата за имотната состојба, заедно со сопругата Ајола Џоџа, и членови на нивните семејства.

По налог на СПАК агенти на Националното биро за истраги вчера вршеле претрес во неговиот дом, при што го одзеле телефонот на Џоџа, како и во седиштето на галеријата „Харабел“ во Тирана, чиј директор е таа.

Дел од медиумите шпекулираа дека тој бил информиран за налогот на СПАК и оти побегнал во Германија. Всушност, како што самиот објави бил во посета на Хамбург на покана на тамошниот градоначалник.

На барање на медиумите од СПАК, само кусо одговориле дека станува збор за почетни постапки и оти во интерес на истрагата не даваат информации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

Во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи.

Откриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина.

По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните

Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал.

Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.

На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога.

Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици.

Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радарите

Хеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.

Хеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радарите

Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало.

Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата.

Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град.

Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта.

Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите.

Во потрагата се вклучува и војската

Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската.

„Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат.

Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена.

Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер