Велев за МИА: Пуштена антидијабетната терапија, состанок со МЗ се уште нема - Канал 5

Велев за МИА: Пуштена антидијабетната терапија, состанок со МЗ се уште нема

Пуштена е антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. Тоа е она што го баравме.

Велев за МИА: Пуштена антидијабетната терапија, состанок со МЗ се уште нема

Пуштена е антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. Тоа е она што го баравме. Сега се пушта последната терапија, бидејќи во меѓувреме, неделава, беше пуштена околу 95 проценти од терапијата. вели во изјава за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев.

На 11 август од Министерството за здравство најавија состанок со претставници на Сојузот, но Велев вели дека очекува да ги повикаат секој момент.

- Во меѓувреме, пуштаат антидијабетна терапија, заклучно со денеска комплет ја пуштаат цела, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност, вели Велев.

Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.

- Тендерот е потпишан и за неколку недели, во најбрз можен рок, се очекува да се донесат 40 илјади глукомери и 700 сензори за деца. Два сензора ќе бидат нови. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори, изјави Велев.

Вели дека бараат сите лица со тип еден, да добијат сензори.

- Владата веќе најави 570 дополнителни нови сензори. Одлука нема формална, но се најавени. Нас нѐ интересира сега акцискиот план за превенција на дијабетес нѐ интересира за да може да почнеме со едукација. Имаме повеќе предизвици - протоколот да се смени што е изработен заедно со СЗО, претдијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин, да се оди на терцијално ниво, на клиника. Другото да го работат матичните и дијабетолозите, појаснува Велев во изјавата.

Во однос на најавите за тужби поради доцнењето на терапијата, Велев рече дека е разговарано со адвокати како да се состават претставки до Министерството, додека се чека средбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Уапсен еден од напаѓачите во скопски Чаир, се работи за лице кое издржувало казна затвор

Приведен е еден двајцата осомничени напаѓачи, кои синоќа од мотоцикл отворија оган и убија 26-годишник во скопски Чаир.. 

Тошковски: Уапсен еден од напаѓачите во скопски Чаир, се работи за лице кое издржувало казна затвор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во Вести Плус на Канал 5 откри дека се работи за лице кое во моментов отслужувало казна затвор и дека ќе се истражува како лицето се нашло на слобода..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трансродната ќерка на Илон Маск стана заштитно лице на познат моден бренд (ФОТО)

Иако технологијата станува сè понапредна, модниот бренд Desigual во својата нова кампања ја нагласува хуманоста. 

Трансродната ќерка на Илон Маск стана заштитно лице на познат моден бренд (ФОТО)

За сезоната есен/зима 2026, ја ангажираа трансродната ќерка на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон како лице на кампањата „BORN TO DISOBEY“, која ја спротивставува индивидуалноста наспроти светот обликуван од алгоритми, вештачка интелигенција и потрагата по совршенство.

Кампањата има разигран пристап кон идејата за технолошка контрола. Во неа е претставен роботот DESI 84, програмиран да помага, но Вивијан Џена Вилсон ги тестира неговите граници.

Преку низа неочекувани ситуации, Вилсон покажува како човечката интуиција, креативноста и дозата хаос сè уште се невозможни да се автоматизираат.

Став вткаен во облеката

Концептот на кампањата е во согласност со идентитетот на Desigual, бренд познат по својот максималистички пристап кон модата и прославата на индивидуалноста. Оваа филозофија се рефлектира и во колекцијата за есен и зима 2026, во која доминираат тексас, експресивни бои и неконвенционални кроеви.

Социјалните мрежи се полни со пофалби за кампањата: „Една од најдобрите кампањи на 21 век“, „Оваа кампања е сè“, „Толку добра“, „Врвна кампања“, „Вљубен сум во оваа кампања“, „Одличен концепт“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Србија: Односите ги сведуваме на минимум

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, објави дека ќе ги повлече сите вработени од амбасадата во Белград, со исклучок на амбасадорите и конзулите. 

БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Србија: Односите ги сведуваме на минимум

Одлуката е донесена како одговор на постапките на Србија по смртта на Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска (ВРС), осуден за воени злосторства, а целта е односите меѓу двете земји да се сведат на најниско можно ниво, пренесе Индекс.

Односите со Србија на минимум

Конаковиќ на прес-конференцијата објасни дека нема овластување да ги отповика амбасадорот и конзулот, бидејќи нивното назначување е во надлежност на Претседателството на БиХ. Сепак, целиот друг дипломатски персонал ќе биде повлечен, а нивните работни места ќе ги преземат вработени од амбасадите во Црна Гора и Хрватска.

„Да можев, веднаш би ги прекинал дипломатските односи со Србија уште денес. Она што можам да го направам е да работам на намалување на односите на најмал можен степен. Ќе ја отфрлам и прекинам сета комуникација со нив. Ќе ги повлечеме сите луѓе што можеме и ќе ги префрлиме конзуларните работи во Загреб и Подгорица“, рече министерот.

Државни почести за осуден криминалец

Конаковиќ го наведе погребот на воен злосторник и реакцијата на властите во Србија, пред сè на претседателот Александар Вучиќ и неговите соработници, како причина за вонредната конференција. Тој го опиша денешниот ден како „депресивен и тежок“.

„Она што го гледаме денес во Србија не беше очекувано кога беше потпишан Дејтонскиот договор - дека повторно ќе бидеме сведоци на величење на воените злосторници“, рече Конаковиќ. Според него, Младиќ бил испратен со највисоки воени и државни почести, авионот на Владата на Србија бил испратен да го подигне неговото тело во Хаг, а го пречекала воена гарда.

„Видовме дека голем број српски функционери се појавиле на комеморацијата и погребот. Вучиќ не бил таму затоа што се однесувал кукавички, веројатно затоа што се плашел од лични санкции“, рече министерот.

Додаде дека кулминацијата на величењето на лице осудено за воени злосторства се случила синоќа на натпреварот помеѓу Црвена звезда и Партизан со пораката „Насока на Поточари“ и оцени дека тоа бил „последен сигнал“.

Дипломатски ноти и пораки до Европа

Министерот, исто така, најави дипломатски чекори поради однесувањето на Србија. „Денес направивме неколку нацрти и испраќаме писма со јасни пораки. Прво, јавно ја прашувам Европската Унија - дали навистина ги почитувате вашите принципи? Дали го штитите она на што нè обврзавте? Ова е првенствено прашање на безбедносна политика“, рече тој.

Тој, исто така, најави бројни телефонски разговори и можни посети, бидејќи верува дека ова е клучно прашање за Босна и Херцеговина. Тој истакна дека ЕУ мора да покаже дали ќе толерира однесување кое не би било прифатливо во самата Унија, а писмото до членовите на Организацијата на исламската конференција (ОИК), вели тој, ќе има специфичен тон.

„Ми кажаа две работи - дипломатијата на Вучиќ успеа затоа што активно промовираше лаги со години, додека нашата беше пасивна во ширењето на вистината. Сега ќе им објасниме дека оваа лага беше едноставна измама“, рече Конаковиќ.

„Србија се враќа во 90-тите“

Тој оцени дека Александар Вучиќ ја враќа Србија во 90-тите, но исто така истакна дека ситуацијата во Босна и Херцеговина не е иста како во 1990 година. Тој потсети дека Младиќ бил на платен список на Србија дури и откако го извршил геноцидот во Сребреница.

„Нема да дозволиме никому да го прави она што го направија злосторниците. Нема да кажам дека се потребни двајца за војна. За војна е потребна Србија каква што ја гледаме сега. Свесни сме за тоа и затоа ќе работиме на спречување на какви било конфликтни ситуации“, заклучи Конаковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер