Велешките гимназијалци го изведоа драмско-музичкиот перформанс „Те љубам“ - Канал 5

Велешките гимназијалци го изведоа драмско-музичкиот перформанс „Те љубам“

Учениците од драмската и музичка секција на велешката гимназија „Кочо Рацин“ синоќа го изведоа драмско-музичкиот перформанс „Те љубам“, во големата сала на општина Велес.

Велешките гимназијалци го изведоа драмско-музичкиот перформанс „Те љубам“

Претставата ја подготвуваа под менторство на професорките по Македонски јазик и литература, Цветанка Карамаркова и Весна Павлова.

Како што информира за МИА, професорката Цветанка Карамаркова овој драмско-музички перформанс е инспириран од приказните за големите љубови на големите уметници од литературата како Оноре Де Балзак, Гете, од светот на музиката Шопен како и големиот војсководец Наполеон и други познати личности.

- Сите тие имале кратки или некои и долги бурни љубовни врски, а целта беше на младата публика да им се претстават сите тие познати личности, а сето тоа беше поткрепено со убава музика во изведба на три гитари и виолина на ученици од гимназијата под менторство на професорот Атанас Зафиров, појасни професорката Карамаркова.

Професорката Весна Павлова вели дека учениците направиле избор од љубовната преписка меѓу руските писатели Марина Цветаева и Борис Пастернак, како и на преписката на Цветаева и германскиот писател Рајнер Марија Рилке. Изборот падна и на дописката на рускиот прозаист и драматург Антон Павлович Чехов и неговата сопруга Олга Книпер.

- Инспирирани бевме и од преписката меѓу големиот француски реалист Оноре де Балзак и неговата долгогодишна љубов, грофицата Евелина Ханска. Ѕирнавме и во интимниот свет на францускиот војсководец и владетел Наполеон Бонапарта и неговата жена Жозефина Боарне и германскиот романтичар Јохан Волфганг Гете и неговата сакана Шарлота фон Штајн, како и во интимниот свет на истакнатата француска новелистка Жорж Санд од периодот на францускиот романтизам и нејзиниот љубен, полскиот композитор, Фредерик Шопен, појаснува професорката Павлова.

Професорките и учесниците преку оваа претстава порачаа дека само преку љубов можеме да научиме да љубиме.

-Единствено вистинската љубов има разбирање за се. Таа зборува со јазик разбирлив за срцето. Треба да ги слушаме зборовите на љубовта, да ги почитуваме нејзините свети заповеди. Таа не учи да го почитуваме, поддржуваме и да му бидеме радост на оној кој го сакаме. Затоа љубете за да бидете среќни, порачаа 30 тината учесници во овој драмско-музички перформанс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер