1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
КултураВелешкиот театар со „Заспаниот супер-херој" гостува во РадовишВелешкиот народен театар „Јордан Х К Џинот" денеска со три претстави од претставата за деца „Заспаниот супер херој", по текст и режија на Младен Крстевски, ќе гостува во Центарот за култура „Ацо Караманов" во Радовиш.„Заспаниот супер-херој" е театарска продукција на Велешкиот театар наменета за најмладата публика која театарот ја реализира од сопствени средства. Претставата на атрактивен и интерактивен начин ја следи приказната за Ицо и Гицо кои со помош на нивниот супер-херој и волшебникот ја спасуваат својата другарка Пинипу од рацете на лошиот вештер,појаснува Крстевски. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски како Гицо, Жарко Спасовски како Ицо, Васил Зафирчев како Вештерот, Ирена Илиевска како Пинипу, Младен Крстевски како Волшебникот и Андреј Серафимовски како супер-херојот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаНови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа наставаНовата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот. Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребенКинеската компанија YUEBAN претстави робот-тоалет што доаѓа кај корисникот секогаш кога е потребно. Уредот, наречен Xiaoban, се движи низ домот, се паркира покрај креветот или фотелјата, се чисти по употребата и се враќа на својата станица. Иако звучи како реквизит од некоја бизарна епизода на научно-фантастична серија, зад уредот стои многу практична идеја. Xiaoban е дизајниран да им го олесни одењето до тоалетот на постарите лица и на луѓето со ограничена подвижност, за кои тоа често претставува голем физички напор или ризик од пад. YUEBAN го претстави роботот на Меѓународниот саем во Шангај во 2026 година, посветен на грижата за стари лица, помагалата и рехабилитациската медицина. Уредот е претставен како помагало наменето за постари лица, неподвижни лица и оние што закрепнуваат од операции или повреди. Корисникот го повикува роботот преку далечински управувач со големи копчиња или со гласовни команди кои функционираат и без интернет, така што нема потреба од користење паметен телефон или каква било апликација. Кога е активиран, Xiaoban користи комбинација од LiDAR, ласерски и ултразвучни сензори за да го мапира просторот, да ги избегнува пречките и да го пронајде патот низ станот, препознавајќи мебел, врати и скали. Самиот уред е многу пософистициран од обична тоалетна школка. Xiaoban поседува вградено биде, систем за сушење со топол воздух и механизми за контрола на непријатни мириси. По употребата, роботот автоматски се чисти и дезинфицира, а УВ-стерилизацијата и затворениот простор за складирање отпад ја намалуваат потребата од рачно чистење. Откако ќе заврши, Xiaoban самостојно се враќа на станицата за приклучување, која може да се поврзе со домашната водоводна и канализациска мрежа. На тој начин, роботот го празни отпадот, се чисти себеси, ја дополнува водата и ја полни батеријата, а вградениот механизам за мелење треба да спречи затнување. Доколку станицата нема поврзување со канализацискиот систем, роботот може самостојно да отиде до тоалетот и, со помош на механизам на извлекување, да го префрли отпадот во обична тоалетна школка. Во Кина, „Xiaoban“ се продава по цена од 28.999 јуани, што изнесува меѓу 4.000 и 4.300 долари, во зависност од девизниот курс. Засега не е познато дали уредот ќе биде достапен надвор од кинескиот пазар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаМицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМРДенеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму. Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики. Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може. Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција, истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook