Велешкиот театар најави прв интернет-проект „Тој и Таа" - Канал 5

Велешкиот театар најави прв интернет-проект „Тој и Таа"

Театарот „Јодан Хаџи Константинов-Џинот" од Велес најави прв интернет-проект „Тој и Таа" – производ на културата во време на физичка изолација и настанат преку вмрежување на интернет-платформи и изведби. 

Велешкиот театар најави прв интернет-проект „Тој и Таа"

Предвидени се дванаесет епизоди кои театарот еднаш неделно, почнувајќи од оваа сабота (9 мај) и во ист термин (20 часот) ќе ги поставува на својата веб-страница.

Од Велешкиот театар наведуваат дека овој нивни уникатен проект е уметнички одговор на кризата, чија цел е преку максимално користење на комуникацијата која ја овозможува интернетот да се истражува изведбеноста во нестандардни облици.

Проектот е направен на тој начин што пробите се изведуваат онлајн, потоа, актерите се снимаат себеси (најчесто со своите мобилни телефони) и на крајот, во процесот на монтажа, се обликува видеодијалогот. Приказната ја носат шест парови чии меѓусебни односи интермедијално се поврзуваат во единството на карантинската приказна.

Режисер на проектот е Деан Дамјановски, драматургијата е на Сашо Димоски, а видеодизајнот и монтажата на Филип Коруновски.

Во проектот учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер