Велешката полиција приведе три лица кои управувале возила без возачка дозвола, одземени и автомобилите - Канал 5

Велешката полиција приведе три лица кои управувале возила без возачка дозвола, одземени и автомобилите

Екипи на СВР Велес при теренски контроли спроведени вчера и синоќа на повеќе локации во и надвор од Велес привеле три лица кои управувале моторни возила без да поседуваат возачка дозвола, при што им биле одземени и возилата.

Велешката полиција приведе три лица кои управувале возила без возачка дозвола, одземени и автомобилите

Синоќа во 21:50 часот, на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 30 годишниот М.Г. од Скопје. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Г., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, во 12:05 часот на улицата „Димитар Влахов“, бил приведен и 54-годишниот С.К. од Велес, кој управувал возило „матиз“ со велешки регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. И во овој случај, по насоки на јавен обвинител, лицето било приведено, а возилото одземено.

Третиот случај е регистриран синоќа во 19:40 часот на магистралниот пат Езеро „Младост“ – Велес, каде полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки го привеле 22-годишниот Д.Ѓ. од Велес, кој управувал возило „БМВ“ без возачка дозвола.

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат денеска од СВР Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер