Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Црна хроникаВелешанка под дејство на алкохол физички го нападнала сопругот, a потоа учествувала во сообраќајкаВелешанка под дејство на алкохол синоќа физички го нападнала сопругот, а потоа учествувала во сообраќајна несреќа при што се здобила со телесни повреди.- Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 21:45 часот ја лишиле од слобода 33 годишната З.Б.П. од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 69 годишниот Т.В. од Велес. Како што информираат попладнево од СВР Велес, во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, при што и биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од СВР Велес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите - власта не носи меркиВо Неготинско и во целата Тиквешија деновиве се случува вистинска катастрофа.Нема откуп на грозје. Вранецот не се откупува. Грозјето скапува по лозјата, лозарите се беспомошни. Оставени сами, без никаква поддршка од власта, соочени со огромни трошоци, а без откуп - дел од нив веќе почнаа да ги сечат и копачат лозовите насади. Жално е да се гледа како нешто во што вложиле и финансии и труд - да пропаѓа. Уште потажно е да го уништуваш она што си го градел со години. Ова не е само проблем на една реколта. Ова е сериозна закана за иднината на лозарството во Неготинско и Тиквешијата. Каде е Владата на ВМРО? Каде е министерот за земјоделство? Има ли Неготино пратеник од редовите на ВМРО или денес, кога на лозарите им е најпотребен, неговиот глас не се слуша? Добро се сеќаваме и лозарите памтат кога ВМРО беше во опозиција, како пратеникот, Пенков, снимаше видеа и жестоко ги напаѓаше тогашните политики кон лозарите. Тогаш имаше камери, се правеа видеа, се слушаа критики. А денес, кога грозјето скапува на лозјата и лозарите ги напуштаат лозовите насади – молчат, никаде ги нема да помогнат на било каков начин. Лозарите не бараат милостина. Бараат фер цена, сигурен откуп и држава која ќе застане зад нив да се почуствуваат сигурни и да им се цени трудот.. Оваа Влада предводена од ВМРО ОКГ го понижија не само трудот на секој лозар, туку на сите земјоделци. Наместо пари за субвенции, за интеврентни мерки во овие услови на енормно зголемени трошоци, власта потроши 5 милиони евра народни пари на забави, пејачи и диџеи. На лозарите не им е до забава, има треба помош. Не може да има пари за музика и светла, а да нема пари за лозарот кој цела година работел а денес гледа како неговиот род пропаѓа. СДСМ и во минатото покажа дека во време криза државата може и мора да интервенира со конкретна поддршка за лозарите. И сега повторно покажа што значи вистинска грижа за лозарите и за сите земјоделци. Пратеничката група на СДСМ предложија конкретни решенија: зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна државата на црното грозје кое ќе остане непродадено. Тоа се конкретни мерки, а не празни ветувања. Бараме Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да го заштити лозарот! Лозарството не смее да биде жртва на неспособноста и погрешните приоритети на оваа Влада. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаХоџа: Почист воздух за граѓаните со новите гасни централи„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа„Кога зборуваме за зелен пресврт, зборуваме за конкретни промени. Токму затоа се важни инвестициите во нови и поефикасни технологии, особено кога се работи за Скопје и борбата против загадувањето на воздухот“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешното свечено пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на компанијата „ТЕССА Енерџи“ во Скопје. На настанот, на кој се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата, беше презентирана првата фаза од инвестицискиот циклус, вредна 2,5 милиони евра. Постројката е опремена со две високоефикасни гасни машини кои истовремено произведуваат 2,1 MW електрична и 2,6 MW топлинска енергија, постигнувајќи вкупна енергетска искористеност до 90%. Министерот Хоџа нагласи дека инвестицијата на „ТЕССА Енерџи“ покажува колку е важна одговорноста на сите чинители во енергетиката и индустријата за постигнување позитивни промени во животната средина, како и потенцијалот на приватниот сектор за вложување во почисти технологии. Преку овој систем, отпадната топлина од производството на електрична енергија се пренесува во системот на „Енерџи Еколинк“ и се користи за загревање на водата за околу 500 домаќинства и 14 институции во општините Чаир и Бутел. Воедно, на настанот беше најавена и втората фаза од инвестицијата која предвидува изградба на нова когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW, со што дополнително ќе се зајакне системот за централно греење и домашното производство на електрична енергија. „Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа, честитајќи ја успешната реализација на проектот. Министерство за животна средина и просторно планирање Тагови: Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби при издавање возачки дозволиОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи.Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина. До овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање. Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство. За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook