3СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаВелешанецот Манев, кој е еден од осомничените за убиството на Вања, спроведен во Кривичен судВелешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна синоќа е спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“. Обвинителството потврди дека на распит бил повикан и таткото на девојчето. Во јавноста излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. Детали за убиствата ќе бидат соопштени во 9 часот и 30 минути, на заедничка прес конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, во зградата на јавното обвинителство, која ќе ја пренесуваме во живо. Од 9 часот утрово ќе се вклучиме и во основното училиште Песталоци во кое ќе биде отворена и книга на жалост за Вања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАМоже ли да се блокира продажбата на ЛА.Лејкерс“? Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат. Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат, бидејќи Џини Бас има можност да побара привремена судска забрана за оваа трансакција. НБА-аналитичарот и поранешен адвокат Нејт Данкан објасни дека Бас би можела да побара од судот да ја „замрзне“ продажбата сè додека не се утврди дали нејзините браќа и сестри воопшто имаат овластување да го продадат преостанатиот семеен удел од 17,82 отсто во „Лејкерс“. „Она што би се очекувало тој да го направи во одреден момент е да побара судска забрана. Всушност, му велите на судот: 'Сè уште немавме време да го решиме целиот случај, но се подготвува нешто што подоцна не може да се поништи'“, објасни Данкан. Бас би можела да аргументира дека со губењето на нејзиниот сопственички удел и на позицијата гувернер на „Лејкерс“, би претрпела штета што подоцнежната финансиска компензација не би можела да ја надомести. „Запрете ја продажбата. Не дозволувајте таа да се реализира пред да стигнеме до судење, бидејќи ќе претррам непоправлива штета, а парите подоцна нема да можат да ме вратат на мојата претходна позиција“ – вака Данкан ја опиша содржината на нејзиното евентуално барање. Сепак, таков чекор сè уште не е можен, бидејќи продажбата на акциите на семејството Бас сè уште не е формално започната. Според Данкан, неопходно е најпрво да пристигне официјалното известување од Марк Волтер и трансакцијата да влезе во соодветната правна процедура. Пет од шесте деца на покојниот Џери Бас – Џим, Џони, Џени, Џои и Џеси – гласаа за продажба на семејниот удел на Боб Ајгер и Џошуа Кушнер, додека Џини се обидува да ја блокира трансакцијата. Во август, Ајгер и Кушнер се договорија да го купат мнозинскиот удел на Марк Волтер, во зделка со која вредноста на „Лејкерс“ се проценува на дури 12,5 милијарди долари. Сепак, Данкан предупреди дека не е сигурно оти судската одлука од 2017 година ѝ дава право на Џини Бас да ја блокира продажбата. „Формулацијата на таа одлука воопшто не се однесува на продажба. Во неа само се вели дека Џини треба да биде гувернер“, рече тој. Првото рочиште во тековниот судски спор беше закажано за 5 ноември, но беше преместено за 8 декември.Тагови: ЛА Лејкерс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаМитева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлукиТемата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа. „Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. „Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева. Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки. „Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева. Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија. „Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЕвропаЗа полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евраДизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 годиниЦените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години. Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр. Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи. Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци.. ... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook